Одбележување 70 години Народен театар-Битола, промовирана фотомонографијата „Нови хоризонти“

Народниот театар во Битола е институција која претставува врвен домашен и меѓународен репрезент на вредностите на македонската култура. Од 1944 година до денес во НУ Народен театар-Битола се одржале 500 премиерни изведби, а изведени се повеќе од 12.000 претстави кои ги гледале близу пет милиони вљубеници во театарот.

Ова вечерва во Народниот театар во Битола го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата на фотомонографијата „Нови хоризонти“, објавена по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на таа национална театарска установа и изведбата на првата театарска претстава на македонски јазик во Република Македонија.

- Денешниот свечен чин има респективна културолошка референца - тој ја маркира 70-годишнината од првата одиграна претстава на македонски јазик во далечната 1944 година, кога доајените на македонското глумиште Јорго Цаца, Вера Вучкова, Мери Бошкова, Димче Стефановски и Ацо стефановски и многу други, ентузијастички творејќи во театарската група на битолската воена област најавија амбициозна намера, градот на конзулите да промовира врвен театар, рече Канческа-Милевска.

Таа посочи дека е убедена оти сцената на Битолскиот театар и во иднина ќе биде местото каде ќе се создаваат новите успеси на македонскиот театар, местото каде актерите, режисерите, творци и уметници ќе продолжат да ја испишуваат македонската театарска историја.

Фотомонографијата „Нови хоризонти“ ја промовираше режисерот Дејан Пројковски, а за големиот јубилеј на театарот во Битола говореа директорот Валентин Светозарев, режисерот Љубиша Ѓоргиевски и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

На сцената на театарот во Битола во тек е изведбата на роденденската театарска претстава „Нови хоризонти“ во која настапуваат вработените во таа национална установа.

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

Шолц ги посети поплавените региони во југозападниот дел на Германија

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Неколку згради во градот се евакуирани бидејќи куќи и подруми се поплавени. Автомобилите беа делумно потопени, а улиците се наполнија со вода.

Градот воспостави алтернативно сместување во училиштата и телефонска линија за погодените од поплавите.

Засега нема информации за точниот обем на штетата, ниту пак пријавени жртви.

Повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар наврнаа во Сар за помалку од 24 часа, според вчера објавените податоци на германската метеоролошка служба. /МИА

притисни ентер