Одбележани 480 години од основањето на Арабати баба-теќе

Со изложба на фотографии, Бекташиската заедница во Македонија денеска ја одбележа 480 годишнината од поставувањето на камен темелникот за верскиот комплекс Арабати баба-теќе во Тетово.

Според дервишот Абдулмуталиб Беќири кој постојано живее во теќето, камен темелникот бил поставен од Серсем Али Баба, великиот везир на отоманскиот султан Сулејман Величествениот, во 1538 година.

- Изложбата е посветена на историјатот на тетовското теќе низ сите периоди што се случиле. Таа е заедничка активност на Бекташиската заедница во Македонија и Светската бекташиска заедница со седиште во Тирана. Бекташизмот е тарикат односно мистичниот дел на исламот каде покрај тарикатот има и шеријат односно шеријатско право, хакикат – правда и марифет- знаење. Кај нас во тарикатот имаме братство како што е во христијанството монаштвото и кај нас има целибат за највисоката титула додека пониските места дозволуваат брак, но бидејќи тоа значи поделба помеѓу семејството и Господ не можеме да дојдеме до титула Хаџи Баба, рече дервишот Беќири.

Арменд Сулејмани од Бектешиската заедница во Македонија посочи дека теќето низ сите години од своето постоење овозможувало соживот на сите видови добри дела на човекот без разлика на верска, национална или културолошка припадност.

- Во тетовското теќе секогаш се отворени сите четири врати кон четирите страни од светот зашто Арабати баба-теќе е место за волја и љубов кон Бога за сите. Кај нас доаѓаат многу туристи од Турција, а се уште има многу луѓе од Тетово кои не дошле, изјави Сулејмани.

И Сулејмани и Беќири посочија дека административните проблеми што ги имаат околу поседувањето на имотот на теќето каде што сега дел поседува и ИВЗ, се стигнати до судот во Стразбур и оти Бекташиската заедница ги има сите документи и тапии за сопственоста од отоманското време, преку кралството СХС до најновото време.

И за претседателот на Светската бекташиска заедница Хаџи Баба Едмонд Брахимај, теќето е место за верба и тоа треба да буиде разбрано и од органите на државата.

- Ние никогаш нема да бидеме против законот и ќе ги добиеме нашите права само така по законски пат. Нас денеска не ни беше дозволено ниту нашите знамиња да ги истакнеме во дворот од комплексот, а знаеме дека ако го направевме тоа тие за кратко ќе беа искинати и отстранети. Затоа ги повикувам и полицијата и општината и другите државни институции да обрнат внимание, а ние ќе продолжиме мирољубиво за нашите барања околу сосптевноста рече Хаџи Баба Брахимај.

Адвокатот Ставре Џиков кој бил адовокат на заедницата рече дека бекташизмот е мостот помеѓу христијанството и исламот.

- Се уште Бекташиската заедница во Македонија има недоразбирања околу сопстенсота на имотите додека нејзиниот правен статус моментално е како веркса група, но токму поделбите внатре придонесуваат овие проблеми да не добиваат соодтевна правна завршинца, рече Џиков. /МИА

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер