Одбележан Меѓународниот ден на семејството

Во Градскиот парк во Скопје беше одбележан „Меѓународниот ден на семејството“ - 18 Мај.

Програмата по повод одбележувањето ја подготвија Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

Меѓу присутните на одбележувањето на овој ден беше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски заедно со семејството.

- Ве уверувам дека во периодот додека јас сум министер со гаранција ќе биде ова редовна годишна активност и секоја година ќе биде одбележуван Светскиот ден на семејството бидејќи за нас како Влада и воопшто сметаме дека семејството е основна базична клетка на општисетвото, а здраво и хармонично семесјтво е основа за создавање здраво општество и силна и стабилна држава, рече министерот за труд и социјална политика.

Тој посочи дека во моментов, како што истакна, семејството во Република Македонија се соочува со сериозен проблем на намален наталитет и нагласи дека токму затоа се спроведуваат сите овие активности, за да се мотивираат луѓето и да се сфати сензитивноста и сериозноста на проблемот.

Министерот Ристовски очекува во наредниот период во голем дел да се корегираат состојбите и дека квалитетот и карактеристиките на македонското семејство ќе се интензивираат во поглед на зголемување на бројот на деца и неговата одржливост.

Овој ден пред 20 години е утврден од страна на генералното собрание на Обединетите Нации за Меѓународен ден на семејството.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер