Од успехот на новогодишната кошница ќе зависи дали другите кошнички ќе одат со акции

Министерот за економија уверува дека секојдневно се контролираат цените во маркетите и дали тие ја почитуваат новогодишната потрошувачка кошница.

Дурмиши сепак вели доколку мерката не се почитува останува опцијата за замрзнување на цените, со оглед на тоа што станува збор за иницијатива на бизнис секторот а не за владина одлука, инспекторатот нема механизам да казнува, вели Дурмиши..

-На моето биро има готова изготвена одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи веднаш за само еден час од тоа ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка, рече Дурмиши.

Сепак, без разлика колку се намалени цените на прехранбените производи, граѓаните денеска интензивно купуваа, велат ред е да се потроши малку повеќе пред и за новогодишните и новогодишните празници.

Министерот Дурмиши денеска напомена и дека од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе се донесат со акции или, пак, со одлука за замрзнување на цените,.

За почетните малверзации со цените при спроведувањето на Новогодишната кошница подеднакво ги обвини производителите, дистрибутерите и трговците.

Девојче е првото родено бебе во Куманово

Првото бебе во Куманово е девојче, второ дете во семејството Асанови од Крива Паланка. Мајката Хамиде и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Девојчето е родено вчера во 17:10 со царски рез, тешко е 3,6 килограми, долго 49 сантиметри.

-Посакувам да биде здраво, живо и среќно, изјави мајката.

Претставници од општинската власт и од болницата и однесоа соодветни подароци.

-Ѝ посакав прво таа да се опорави, девојчето да е живо, здраво и среќно. Да си ја сака државата, да си остане овде да придонесува, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Надлежните од болницата очекуваат плодна година, зголемување на трендот на раѓања на акушерскиот оддел во болницата.

- Раѓањето на женски плод наговестува плодна и бериќетна година. Имаме тренд на намалување на раѓањата, за жал и се надевам дека ова е предзнак и за зголемување на бројот на раѓањата, рече директорот Стефан Трајановски.

Началничката на одделот, д-р Софија Трајковиќ појасни дека тимот има седум специјалисти, добиваат помош од лекари од Скопје и со тоа, успеваат да го покријат 24-часовното работење.

- За ден и половина имаме две бебиња, двете се женски пол, двете се добри, мајките се, исто така, добри. Моментално има една пациентка во предпородилна сала, изјави Трајковиќ.

Минатата, 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, што е тред на опаѓање зашто во 2023 имало 730, а кумановската општа болница е единствено родилиште за североисточниот регион.

Пленковиќ: Денеска ќе го потпишеме Протоколот за подигање на безбедносните мерки во училиштата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на првата седница на Владата годинава најави дека попладне во Министерството за образование ќе биде потпишан Протоколот за зголемување на безбедносните мерки во училишните институции.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на првата седница на Владата годинава најави дека попладне во Министерството за образование ќе биде потпишан Протоколот за зголемување на безбедносните мерки во училишните институции, а една од мерките е вработување лица со потребните вештини за заштита.

По трагедијата што се случи на последниот ден од првото полугодие во загрепското основно училиште „Пречко“, Комисијата подготви предлог за основни мерки за зајакнување на степенот на безбедност во училиштата, а како што најави премиерот Пленковиќ на седницата на Владата, попладнево Протоколот за безбедносни мерки ќе го потпишат министерот за образование, наука и млади Радован Фукс и сите вклучени засегнати страни.

„Заедничка цел е да се подигнат безбедносните мерки во сите училишни институции. Она што го оценивме како најдобро долгорочно решение е во училишните институции, преку систематизација и едукација, да се вработат оние лица кои ги имаат потребните вештини за заштита, а истовремено се специјално сензибилизирани и едуцирани за работа со деца, родители и наставници и кои потоа трајно би помогнале безбедноста на училиштата да се подигне на повисоко ниво по оваа голема трагедија што се случи во основното училиште Пречко“, рече Пленковиќ.

„Брзите мерки како заклучување на вратите, менување врати, нови безбедносни системи се веќе во тек, а тимовите на локалната полиција ќе одржат состаноци со директорите на училиштата за безбедносни прашања“, додаде хрватскиот премиер.

Од утре обилни врнежи на дожд и снег

УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. 

Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Според УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

Во Скопје утре во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта и во сабота претпладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

притисни ентер