Од почетокот на епидемијата досега со МРП вакцинирани вкупно 29.857 деца до 14 години

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 29.857. 

Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство.

-Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници, нагласува Министерството во соопштението.

Во извештајот на Европската комисија се вели дека Министерството за здравство презело чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

Во изминатава недела, пријавени се вкупно 70 нови случаи на мали сипаници, што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

Во текот на вчерашниот ден, прегледана и хоспитализирана е една пациентка со дијагноза на морбили (мали сипаници). Се работи за 44 годишна пациентка од Неготино, која не е вакцинирана. На Клиника за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и 2 деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16 годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

-Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат, се додава во соопштението на Министерството.

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

МВР: Мирен изборен ден со помали инциденти и нерегуларности

Генерално мирен изборен ден нотираат и од МВР и од Јавното обвинителство..

Со деталите од пред Министерството за внатрешни работи во живо го имаме Михајло Видимлиски..

Михајло, која е општата оценка на МВР денеска?

притисни ентер