Експертите велат дека овој раскошно уреден дом, наречен Куќата на Федра по митолошката кралица Атина, фрла ново светло на промените во архитектонските стилови во првиот век од нашата ера, но и потврдува дека жителите на Помпеја имале склоност кон сензуална уметност, пишува Гардијан.
Живописно насликаните ѕидни прикази вклучуваат фреска која прикажува сексуална средба меѓу сатир и нимфа на кревет и фреска на слабо облечена Федра и нејзиниот посинок Хиполит, кого, според грчката легенда, таа го обвини за силување откако тој ја отфрли нејзината понуда .
Друга фреска прикажува богови за кои се верува дека се Венера и Адонис.
„И покрај неговата мала големина, ова откритие нѐ воодушевува поради високото ниво на декорација на ѕидовите“, се вели во соопштението на Археолошкиот парк Помпеја, додавајќи дека фреските се споредливи со оние кои се наоѓаат во полуксузните домови.
За разлика од другите куќи во античкиот град, кој бил уништен со ерупцијата на Везув во 79 н.е., оваа не била изградена околу традиционалниот атриум, централен двор со базен за собирање на дождовница, што било типично за римскиот стил на архитектура од шестиот век п.н.е.
Провокативните сцени биле присутни во домовите на сите општествени класи и на јавните простори на Помпеја и не биле сметани за скандалозни или срамни.
Еден од најинтересните досега откриени фрески прикажува голем фалус. Таа слика била пронајдена во раскошна куќа позната како Куќата на Ветијеваците, во сопственост на двајца ослободени робови, во голема мера зачувана за време на ископувањата на крајот на 19 век.
Фреската била на ѕидот на влезот во куќата и го прикажува Приапус, богот на плодноста и изобилството, со голем пенис кој се балансира на вага со вреќа полна со пари, за која се верува дека го симболизира богатството што го стекнале сопствениците. Не било невообичаено ослободените робови да напредуваат во Помпеја.
Откриена е и слика која прикажува хомоеротски сцени, вклучувајќи и статуа пронајдена во Куќата на Златната нараквица, една од најбогатите куќи во Помпеја, која претставува млад човек кој му служи на својот господар за време на гозбите и сексуално го задоволува.