Од годинава 8 Декември во Романија се прославува како Ден на македонскиот јазик

 Во Дипломатскиот клуб во Букурешт годинава првпат како  „Ден на македонскиот јазик во Романија" се прослави 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски. 

На настанот присуствуваа високи претставници на романските државни институции, сенатори, пратеници, претставници на Друштвото на македоците во Романија и други поканети гости, претставници на други национални малцинства, како и македонската делегација предводена од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми.

Свое излагање, информираат од Кабинетотна Адеми, имаа пратеничката на Македонците во парламентот на Романија, Мариана Венера Попеску, министерот Едмонд Адеми, поранешниот министер за правда и надворешни работи на Романија и актуелен сенатор Титус Корлатеан, директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, македонскиот амбасадор Габриел Атанасов и претседалката на Друштвото на македонците Лаура Елен Рогобете Кристеску.

Од излагачите беше констатирано дека Македонците во Романија претставуваат мост за соработка и зачувување на традиционалното пријателство меѓу двете земји и двата народи, како на институцинален така и на национален, културен, јазичен план, за вистинско зачување на националниот идентитет, култура и изворното зачувувањето на традицијата.

Министерот Адеми, нагласи дека Македонците во Романија, се мотивирани со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители, кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците.

Тој изрази надеж дека Денот на македонскиот јазик во Романија, ќе продолжи да биде традиционален настан секоја наредна година.

На свеченоста, се истакна дека Романија претставува постојан поддржувач на фундаменталните национални интереси на Република Македонија во насока на евроинтеграциите, регионалната соработка и целокупната стабилност, економскиот и социјалниот просперитет на сите земји од Западниот Балкан.

Беше нагласено дека Романија од 1 јануари 2019 година за време на шестомесечното претседавање со ЕУ, ќе биде главен соговорник за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Посебно се истакна поддршката за активностите на Владата на РМ во реформските активности како и добивање на датум за започнување на процес за преговори на Македонија за полноправно членство во ЕУ.

За време на настанот „Ден на македонскиот јазик", од членовите на Друштвото на македонците во Романија имаше богата културно-уметничка програма со изворни народни песни и ора и изложба на слики со мотиви од Македонија. /МИА

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

На ГП Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер