Иако мисијата ClearSpace-1 ќе чини 120 милиони американски долари ќе собере само дел од отпадот , па сепак ЕСА се надева дека ќе го отвори патот за глобалната кампања за чистење на нашата орбита, пренесува „Гардијан“.
Јан Ворнер, директор на ЕСА, повика на воспоставување нови правила при испраќање на идните сателити што ќе ги принудат оние што ги лансираат да преземат одговорност за отстранување од орбитата откако ќе престанат да функционираат.
„Замислете колку опасно би било да се движите низ отворено море, доколку досега биле оставени сите бродови што веќе не се функционални“, изјави Ворнер.
„Така сега изгледа во нашата орбита и не можеме да дозволиме да остане на овој начин“, додаде тој.
Во последните 60 години илјадници тони ѓубре се акумулирале во Земјината орбита, вклучувајќи делови од стари ракети, околу 3.500 нефункционални сателити и околу 750 000 помали фрагменти.
Фрагментите обично орбитираат со брзина од 20,000 км на час.
ЕСА се согласи за финансирање на оваа мисија за време на состанокот на Space19 + во Севилја, Шпанија на крајот на ноември.
ClearSpace-1 ќе се обиде да ги отстрани од нашата орбита парчињата остатоци наречени Веспа оставени во орбитата од вселенското летало на EСА, Vega во 2013 година. Отпадот од Веспа тежи околу 100 килограми и е со големина на мал сателит, а го избра ЕСА затоа што има едноставна форма и цврста конструкција, што треба да го олесни фаќањето.
Сондата ClearSpace треба да ја фати Веспа користејќи ги своите четири роботски раце и заедно со отпадот да се нурне во нашата атмосфера и да изгори.