Обвинителството и антикорупциска со засилена соработка во битката со корупцијата

Антикорупциска ќе ја засилува борбата против корупцијата преку соработка со обвинителството. 

Членови на ДКСК денеска со државниот обвинител Љубомир Јовески се договарало како во иднина да се процесуираат иницијативите во кои Комисијата ќе утврди корупција или судир на интереси.

-На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација и координација на иницијативите кои ДКСК ги поднесува до Јавното обвинителство.--ЈОРМ.

Според истражувањата на Институтот за демократија во првите седум месеци од своето формирање, Антикорупциска постапувала по околу 1000 случаи. Во само 65 од нив утврдила корупција или судир на интереси.

Изјава – Мартина Илиевска – Институт за демократија

Според вчера објавениот Извештај на Транспаренси Интернешанл земјава бележи пад од 13 места според Индексот за перцепција на корупцијата и ја позиционира на 106 место. За екс премиерот Зоран Заев индексните поени покажуваат напредок во отчетноста на институциите на извршната власт. Опозициската ВМРО ДПМНЕ пак вината ја посочува кон Заев и Оливер Спасовски тврдејќи дека институциите под притисок на власта не реагираат на корупцијата во земјава.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер