Обвинителството бара 18 месеци затвор за Французот, кој го удри Макрон

Обвинителството во Валенс, југоисточна Франција, побарало изрекување затворска казна од 18 месеци за Дамиен Тарел, кој призна дека му удрил шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон пред два дена.

Таа шлаканица, „целосно неприфатлива“, „е намерно насилство“, рече портпаролот на Министерството.

Тарел е обвинет за напад на јавен службеник, за што може да добие максимум три години затвор и парична казна од 45.000 евра.

Нападот врз Макрон ја шокираше Франција и беше осуден од сите политички партии. Макрон рече дека станува збор за изолиран инцидент и дека насилството и омразата се закана за демократијата.

Тарел призна дека му удрил шлаканица на Макрон, но рече дека не го планирал тоа однапред.

Невработениот 28-годишник за време на испрашувањето рекол дека е близок со антивладините Жолти елеци, протестно движење што го потресе претседателството на Макрон и дека има ултра-десничарски политички убедувања.

Макрон беше во посета на Дром за да ја види „земјата како дише“ по пандемијата, помалку од една година пред следните претседателски избори.

Познаниците на Тарел рекоа дека тој не бил проблематичен.

Обвинителот соопшти дека тој не бил член на ниту една политичка или милитантна група.

"Тарел беше уапсен заедно со уште еден човек од неговиот роден град Сен-Валие. Полицијата пронајде оружје, копија од книгата на Хитлер„ Мајн Кампф "и црвено знаме - меѓународен симбол на комунистичкото движење, во станот на друг човек", кажа обвинителот Алекс Перин.

Другиот маж ќе биде обвинет за нелегално поседување оружје.

Во руски напад во Сумската област оштетен високонапонски објект на Укренерго

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во руски напад со беспилотни летала и ракети врз Сумската област во Украина.

- Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонски објект на „Укренерго“ … Екипите за поправка на „Укренерго“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите, соопшти операторот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и оти вчера од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.

- Поголемиот дел од неа веќе е вратена во функција, но целосното обновување на снабдувањето со енергија е попречено од непријателствата во близина на објектите на енергетската инфраструктура, се вели во соопштението.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата.

- Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

притисни ентер