„Сакавме да го слушнеме гласот на тренерите, да разговараме и да допринесеме за развој на натпреварувањето“.
Евролигата направи чекор напред. Формиран е Борд на главни тренери од Евролигата, за прв претседател е избран најтрофејниот Жељко Обрадовиќ.
„Моравме некаде да тргнеме, идејата која се роди минатото лето да ја претвориме во реалност, а некако најлогично е тоа да биде од Евролигата.Верувам дека полека ќе растеме, да разговараме со сите, зошто не и со стручњаците од другите спортови. Треба да се чуе секое мислење. Размена на идените од кои ќе се извлече онаа најдобрата, не само за тренерите, туку за кошарката. Сакавме да се слушне гласот на тренерите во многу значајното напреварување.Да имеме партнерски договор со Евролигата. Сите да седнеме на една маса и да допринесеме за развојот на натпреварувањето. Со меѓусебно почитување, мислам дека заедно, ние како Борд на тренери, Унијата на кошаркари, судии, клубови и функционери на Евролигата да креираме добра иднина за кошарката, “, порачал Обрадовиќ во интервју за „Вечење новости“.