Обожавателите на Тејлор Свифт во В Британија загубиле над милион евра од лажни интернет-понуди

 Обожавателите на пејачката Тејлор Свифт во Велика Британија потенцијално изгубиле повеќе од милион евра поради измамници кои продаваат лажни влезници за концертите од нејзината турнеја „Ерас“, според проценките на „Лојдс банка“.

Оваа банка издаде предупредување до купувачите врз основа на анализа на пријавени измами, како и податоци од „Шкотската банка“ и „Халифакс“. Повеќе од 600 клиенти на „Лојдс банка“ пријавиле дека биле измамени откако картичките биле пуштени во продажба во јули 2023 година. Секоја жртва изгубила во просек по 332 фунти, а во некои случаи загубата била повеќе од 1.000 фунти.

- Лесно е да дозволиме нашите емоции да нè надвладеат кога ќе дознаеме дека нашиот омилен изведувач ќе настапува во живо, но важно е да не дозволиме тие емоции да ни го поматат расудувањето кога се набавуваме билети, предупреди Лиз Зиглер, стручњак за спречување измами. во банката.

Со бројки засновани исклучиво на сопствените податоци за клиентите, „Лојдс“ проценува дека најверојатно имало најмалку вкупно 3.000 жртви низ В Британија. Обожавателите на возраст 25 - 34 години биле претежно мета на препродавачите на влезници, а многумина од нив наидуваат на овие измами на социјалните мрежи.

Според извештаите, турнејата „Ерас“, којашто веќе го собори рекордот, треба да заработи повеќе од милијарда долари.

Измамата при купување вклучува испраќање пари преку интернет за услуги кои се лажни, т.е. непостоечки, како и „ексклузивни“ карти за настани коишто се веќе распродадени. /МИА

Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал

 Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари, соопшти денеска компанијата.

Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти.

-И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници.

Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

- Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението.

Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

притисни ентер