Обновен е најатрактивниот модел на Хјундаи (ФОТО)

Верувале или не, Hyundai реши да го освежи моделот, кој и денес, три години по лансирањето, изгледа привлечно како и концептот.

Станува збор за електричниот Ioniq 5. За почеток, да кажеме дека покрај основната, планирани се уште две верзии, N Line и спортскиот N. Како и кај конвенционалните модели, нивото N Line носи спортски детали без да навлегува во технологијата . Така, ознаката овде ќе значи поатрактивни браници, задебелени прагови, 20-инчни бандажи со нов дизајн.

Редизајнот на Ioniq 5 му даде и малку изменета предна табла и 50 mm поширок заден спојлер. На крајот, со инсталирање на различни браници, електричниот Hyundai порасна во должина за 20 mm (4655 mm). И уште еден детал што не им се допаѓа само на оние кои се склони кон последователно штимање. Ioniq 5 конечно доби бришач на задното стакло по моделот на N-изданието.

И во кабината наидуваме на неочекувана вест. Моделот сега има повеќе опции за кратенки. Има голем број на копчиња поврзани со греење (седишта, волан) и помош при паркирање. Преградите за ставање пијалоци сега се вертикално ориентирани, а до нив има простор наменет за безжично полнење на мобилен уред. Генерално, Hyundai работеле на ергономијата.

N Line носи и спортски седишта, метални педали, двобојна верзија на ентериерот, контрастни шевови, како и малку поинаков дизајн на воланот. Во секој случај, идните сопственици можат да сметаат на повеќе естетика, но и на подобрена инфозабава.

Исто така, Hyundai нагласува дека е зголемена цврстината на каросеријата, а дополнително засилување добиле потпорите и вратите. Со работа на шасијата, бучавата при возење е намалена. Конечно, да кажеме како обичниот модел добива батерија со поголем капацитет, која порасна од 77,4 на 84 kWh.

Новиот Ioniq 5 веќе е пуштен во продажба во Кореја, додека остатокот од светот ќе биде сведок подоцна оваа година.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер