Облачно со слаб врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините врнежи слаб снег. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Тој на маргините на состанокот имаше низа билатерални средби, вклучително и со германскиот канцелар Шолц.

-Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, изјави премиерот Христијан Мицкоски по низата билатерални средби.

Бесплатни превентивни гинеколошки прегледи во општина Зрновци

Општина Зрновци во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани до краот на овој месец ќе реализира бесплатни гинеколошки прегледи, во кои ќе бидат опфатени бесплатен ПАП-тест и абдоминален ехо преглед за жени.

Се работи за активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жените, а прегледите ќе ги спроведува медицински тим на гинеколози од Скопје.

-Мобилната гинеколошка амбуланта во којашто ќе се спроведуваат прегледите ќе почне со работа од утре, 15 октомври. Ќе работи во периодот од 10 до 13 часот, во Венчалната сала во Зрновци. Заинтересираните жени за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 078/397-019. Сите пријавени дополнително ќе бидат известени за датумот и времето во кое треба да се јават за преглед, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Бесплатните гинеколошки прегледи ќе се реализираат во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО. Поддршката ја обезбедува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. /MИА

Пренџов: Законот нема да ги опафаќа само етничките, туку и родовите и социјалните права

Законот за правична застапеност ќе бида ставен на увид на јавноста и ќе биде изготвен согалсно уставот.

Со него нема да бидат опфатени само етничките права, истакна пратеникот Љупчо Пренџов за време на гостувањето во поткастот „На кавга со Иван“.

притисни ентер