Објавен конкурс за млади поети

Во рамки на програмските определби на Владата на Република Македонија за промовирање на младинското творештво и младинската креативност во делот на пишаниот збор, Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за „Млади поети“.


- Проектот „Млади поети“ се состои од неколку фази преку кои ќе се добијат најквалитетните младински творби создадени од нашата младина. Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за млади поети, на кој ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби, согласно со утврдените критериуми. Тие треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки на поезија и да достават најмалку две поетски творби, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за млади и спорт.

Конкурсот за „Млади поети“ првпат ќе се реализира годинава, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра авторска творба и тоа за прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари.

- Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Тие ќе бидат оценувани од страна на комисија формирана од Агенцијата за млади и спорт на предлог од страна на Друштвото на писатели на Македонија. Најдобрите ќе се најдат во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2014 година, се додава во соопштението.

Секој кандидат своите дела треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог“ под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Авторските дела треба да се достават на адресата на Агенцијата за млади и спорт ул. „Френклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје, со назнака „За Конкурсот Млади поети“, или, пак, лично во Архивата на Агенцијата.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3113-705, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Рокот за поднесување авторски творби од страна на младите поети, кои креативноста ја изразуваат преку пишаниот збор, истекува на 30 септември 2014 година.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер