Објавен извештајот на Комесарот за човекови права посветен на Македонија

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, по неговата посета на Македонија од 26 до 29 ноември 2012, денеска во Стразбур го објавува извештајот во кој се опфатени два аспекти со човековите права во Македонија



Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, по неговата посета на Македонија од 26 до 29 ноември 2012, денеска во Стразбур го објавува извештајот во кој се опфатени два аспекти со човековите права во Македонија: транзициона правда и општествена кохезија и заштита на човековите права на Ромите, придружен со заклучоци и препораки на Комесарот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во однос на спроведување на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничките односи, комесарот заклучува дека последнава деценија е направено многу во сферата на правичната застапеност. Сепак, длабоката политизираност долж партиските линии и феноменот на политички патронат ги ограничија ефектите од овој напредок.

Комесарот увидува дека во земја со богата разновидност, како што е Република Македонија меѓуетничките односи се комплексни, а постојните поделби не можат да се решаваат на површен начин. Сите политички и јавни актери на земјата треба да имаат на ум дека нивната оставнина ќе зависи од нивниот конкретен придонес кон градењето интегрирано општество. Тие, според комесарот треба недвосмислено да ги осудат насилните инциденти како што се оние што се случија во првата половина на 2012 и да се стремат кон остварување сеопфатни политики за да спречат такво нешто да се случи во иднина. Исто така, од суштествена важност е активно да се промовира конструктивна интеракција меѓу поединци и групи со различно потекло.

Комесарот ја нагласува важноста на улогата и одговорноста на медиумите во промовирањето на меѓуетничката толеранција и потребата тие да се воздржат од пропагирање стереотипи или разгорување на евентуално постојните тензии. Властите може да дадат придонес со приклучувањето кон заедничката акција на Советот на Европа и Европската Унија за интеркултурни градови, којашто се стреми да развие модел што поддржува интеркултурна интеграција во рамки на разновидни урбани заедници.

Нилск Мужниекс како позитивно го истакнува тоа што во Република Македонија постојат развиени можности за немнозинските заедници да посетуваат образование на сопствениот јазик. Сепак, истовремената појава на сегрегација во училиштата е нешто на што мора да се обрне внимание, зашто ваквите поделби можат да имаат негативно влијание врз односите помеѓу учениците, да го зголемат меѓусебното неразбирање и да ја поткопаат општествената кохезија. Комесарот смета дека дебатите во земјата, во врска со прашањето на образованието се мошне политизирани и често сведувани на пристап во кој како еден да добива, а другиот да губи (зеро сум аппроацх) кога станува збор за правата на одделните заедници. Ова доведе до меѓусебно реванширање за она што се доживува како неправди, со што проблемот се пролонгира, а во крајна линија се нанесува штета на децата и младите, коишто би можеле да имаат само полза од зголемените можности да се запознаат меѓусебе и да учат едни од други.

Политичките актери и креаторите/лидерите на јавно мислење треба, исто така, да се стремат кон одговорен пристап кон овие прашања, а властите треба да ги удвојат своите напори за остварување интегрирани и повеќејазични образовни политики, како што се Стратегијата за интегрирано образование и новиот Заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа, наречен „Регионална поддршка за инклузивно образование”.

Комесарот е длабоко загрижен што постојано се случуваат насилни меѓуетнички инциденти во некои училишта во земјата. Треба да се вложат сите напори за борба против оваа негативна појава, а треба да се даде и цврста поддршка на иницијативите насочени кон осигурување безбедност во училиштата.

Во извештајот, долг 32 страници, Комесарот за човекови права на Советот на Европа се осврнува и на неразрешените прашања од конфликтот во 2001 година, поврзани со човековите права. Според него, „континуираната неказнивост за тешките прекршувања на човековите права или сериозните кршења на меѓународното хуманитарно право извршени во 2001 е еден од факторите што ги попречуваат напорите да се постигне општествена кохезија и помирување во „поранешната југословенска Република Македонија”.“

Правдата, според Мужниекс е потребна „не само за, преку праведна постапка, да се обезбеди одговорноста на сторителите на ваквите прекршувања, туку е потребна, исто така, и за да се повратат правата на жртвите кои дополнително страдаат од постојаното неприфаќање дека им е нанесено зло.

Комесарот е свесен за комплексната политичка ситуација и за легитимните барања за стабилност и мир во општеството што се даваат како контра-аргументи против преземањето дејствија во врска со овие сериозни прашања. Сепак, тој смета дека ваквите дејствија се навистина неопходни, зашто дозволувањето да се акумулираат поплаки не се има покажано како најодржлив пристап за воспоставување трајна меѓуетничка кохезија.

Принципот дека амнестиите не треба да важат за тешки прекршувања на човековите права е потврден од Комитетот на министри на Советот на Европа во Упатствата за искоренување на неказнивоста за сериозни кршења на човековите права, од 2011, како и од Европскиот суд за човекови права во неодамнешната пресуда Маргуш против Хрватска, каде Судот нагласи дека во врска со предмет што опфаќа воени злосторстваа против цивили „давањето амнестија во поглед на „меѓународни злосторства” – термин што опфаќа злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид – се повеќе се смета за забрането со меѓународното право“.

Комесарот беше информиран дека се уште е непознато што се има случено со четиринаесет лица исчезнати во тек на конфликтот, треба да се вложат сите напори за да се разјасни нивната судбина. Што се однесува до ситуацијата со 95 раселени лица кои се сеуште во колективните центри, Комесарот препорачува да се даде приоритет на изнаоѓањето трајни решнија за нивно домување.

Во однос на мерките за борба против дискриминацијата, Комесарот во извештајот забележа дека во Република Македонија сега постои разработена правна рамка за недискриминација и дека националната структура за човекови права, вклучувајќи ги и Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација се активни во оваа сфера. Властите треба на Комисијата, која во моментов го нема потребниот капацитет, да и ги обезбедат неопходните финансиски и човечки ресурси за таа да може своите должности да ги извршува независно и делотворно.

Комесарот ја поддржува препораката на Народниот правобранител во однос на целосното спроведување на законската рамка за недискриминација и потребата да се спроведуваат кампањи за подигање на свеста во оваа насока. Поопшто, тој силно ги поддржува мерките насочени кон промовирањето толеранција и почитување на човековите права на сите, како и подобрувањето на информираноста на јавноста за состојбата на сите групи кои се изложени на дискриминација во различни контексти. Ваквите мерки треба да започнат во образовниот систем, а училишните наставни програми треба да опфаќаат и образование за разновидните групи во општеството, со цел да се спречат незнаењето и нетолеранцијата.

Медиумите и новинарите можат, исто така, да придонесат кон поправедно и потолерантно општество, со практикување етичко и одговорно новинарство.

Во однос на постапката за лустрација, Комесарот се задржува како што вели на „легитимната загриженост околу пропорционалноста и уставноста на процесот на лустрација“. Нилс Мужниекс ги повикува властите да обезбедат одлуките на Уставниот суд поврзани со лустрацијата да се целосно почитувани и отсликани во сите идни одлуки околу политиките на оваа тема. Согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права, постапките за лустрација треба да следат строги критериуми со цел да се обезбеди дека сите засегнати лица ги уживаат правата гарантирани со Член 6 од Европската конвенција за човекови права, особено правото на процедурална еднаквост. Лустрацијата не треба никогаш да се користи за политички или лични цели. Во овој контекст, Комесарот подвлекува дека демократска држава заснована на владеењето на правото има доволно средства на располагање за да се оствари целта на правдата, а виновните да бидат казнети. Таа не треба да се поведува според желбата за одмазда, наместо правда.

Другиот дел на посетата на Комесарот за човекови права на Советот на Европа се однесуваше на правата на Ромите во Република Македонија. Иако тој ги поздравува напорите досега вложени од Република Македонија за подобрување на состојбата на Ромите, Комесарот потцртува дека во праксата има бројни недостатоци на кои допрва треба да се одговори делотворно. Најголемиот број Роми се наоѓаат во затворен круг на сиромаштија и невработеност, живеат во одделни маала каде што условите за живот често се неприфатливи. Комесарот ги повикува властите итно да изготват и спроведат соодветни стратегии за надминување на проблемите со кои се соочуваат Ромите во врска со пристапот кон квалитетно образование, вработување, здравствена заштита и домување. Донесувањето закон што пропишува легализација на имотот и распределба, од страна на властите, на социјални станбени единици за ромските семејства се важни чекори. Сепак, треба да се вложат енергични напори за да се промовираат интегрирани политики на домување и да се спречи создавањето нови подрачја на сегрегација. Комесарот смета дека е потребно посистематично создавање на капацитети со цел да се потпомогне делотворноста на ромските информативни центри, коишто може да играат важна улога во зголемувањето на информираноста на ромската заедница околу реализацијата на социјалните и економските права. Новата програма за ромски здравствени медијатори се чини дека е делотворна и полезна за засегнатите заедници и треба да се обезбеди нејзина одржливост.

Образованието на ромските деца во специјални институции или паралелки е проблематично според Мужниекс. Некои од позитивните мерки насочени кон унапредување на вклученоста на Ромите во редовното образование имаат дадено резултати, меѓу кои е и намалувањето на стапката на испишување меѓу петтото и шестото одделение кај девојчињата и двојно зголемениот број на Роми запишани на јавните универзитети во изминатите седум години (од 150 во 2005 на 300 во 2012). Сепак, Комесарот е длабоко загрижен од прекумерната застапеност на Ромите во специјалните училишта за деца со попреченост и верува дека постои итна потреба да се одговори на ова прашање. Тој ги забележа препораките дадени од Народниот правобранител и од невладините организации да се поправат недостатоците во правната и регулаторната рамка во врска со специјалното образование. Од клучна важност е заложбите на властите во овој контекст да не се сведуваат на реформирање на системот за категоризација на децата, а да содржат посеопфатни мерки насочени кон обезбедување пристап кон соодветно образование во редовните уличишта за сите деца, без дискриминација по ниедна основа. Треба да се зајакнат мерките за вклучување на ромските деца во редовното претшколско образование, а треба да се обезбеди и присуството на наставни асистенти во сите училишта каде се потребни, согласно Декларацијата од Стразбур од 2010 за Ромите. Понатаму, родителите Роми треба да се вклучени и соодветно информирани за сите чекори преземени од властите во врска со вклучувањето на нивните деца во редовното образование.

Контролите за излегување од земјата и нивно влијание врз човековите права на Ромите, можат да претставуваат кршења на човековите права, смета Мужниекс. Во извештајот тој забележува дека како одговор на барањата на ЕУ за делотворно управување со тековите на емиграција од земјата, во 2011 македонските власти воведоа различни мерки, вклучувајќи и информативни кампањи, измени и дополнувања на закони и зајакнати излезни контроли, насочени кон спречување државјаните да поднесуваат „неосновани” барања за азил во земјите – членки на ЕУ. Како резултат на ова, од декември 2009 па до крајот на ноември 2012, на околу 7.000 македонски државјани не им беше дозволено да излезат од земјата. Ромите се очигледно непропорционално засегнати од мерките на излезни контроли и конфискувањето на патните документи, што во суштина е еквивалентно на забрана на патување. Комесарот смета дека односните мерки ја попречуваат слободата да се замине од земја, вклучувајќи ја и сопствената, гарантирана согласно Член 2 од Протокол 4 на Европската конвенција за човекови права, како и правото да се бара и во други земји да се ужива азил од прогонување, содржан во Член 14 од Универзалната декларација за човекови права. Евидентно е дека зголемените нивоа на миграција на Роми од Балканот, вклучувајќи ја и „поранешната југословенска Република Македонија” произлегуваат од нивната сиромаштија и социјална исклученост. Оттука, од клучна важност е да се одговори на сите фактори што придонесуваат кон социо-економската исклученост на Ромите. Во оваа смисла, Комесарот со задоволство забележува дека прашањето на интеграција на Ромите е високо на агендите за пристапување кон ЕУ на земјите од регионот.

Немањето документи за лична идентификација и бездржавјанство и состојбата на Ромите бегалци од Косово. Бездржавјанството и немањето регистриран граѓански статус и документи за лична идентификација претставуваат сериозни пречки за бројни Роми да ги уживаат основните социјални и економски права. Иако во Република Македонија последниве години е остварен значителен напредок кон елиминација на статусот на лице без државјанство, особено преку усвојување и спроведување на законски мерки, проблемот допрва треба да се реши целосно. Позитивно е што се преземени чекори за да се олесни ситуацијата на оние кои немаат документи, вклучително и во врска со пристапот кон образование, на пример, извод од матичната книга на родени веќе не е задолжителен за запишување на децата во јавни основни училишта. Властите треба да продолжат со своите напори насочени кон елиминирање на бездржавјанството, вклучително и преку одобрување и спроведување на Декларацијата од Загреб, усвоена на регионалната конференција за обезбедување на документација за граѓанскиот статус и матична евиденција во Југоисточна Европа во октомври 2011.

Поздравувајќи ја помошта веќе дадена на Ромите – бегалци од Косово, Комесарот ги повикува македонските власти да ги засилат своите напори насочени кон разрешување на прашањата поврзани со правниот статус на ваквите лица, со цел да се обезбеди целосна и делотворна локална интеграција на оние кои не можат или не сакаат да се вратат на Косово.

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.

Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.

А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.

-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.

Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.

Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига.

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии' со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!", потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока", дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко - економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму - брендирање на името ,Македонија' и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија - со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово", вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот", истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

притисни ентер