Каталонската полиција на Твитер денеска објави дека е уапсен човек кој имал намера да го убие Санчез . Во неговито дом било најдено големо количество оружје.
Мажот бил уапсен пред три недели во каталонскиот град Тераса под сомнение дека сака да изврши атентат врз премиерот , јавува полицијата во Барселона. Се смета дека мажот сакал да се одмазди за планот на шпанската Влада да го ексхумира и премести телото на поранешниот диктатор Франциско Франко.
Уапсениот 63 годишен маж имал дозвола за носење оружје, кое е најдено во неговиот дом . Полицијата нашла 16 видови различно огнено оружје , меѓу кои и снајпери и автоматски пушки. мажот работел за приватна компанија за обезбедување.
Мажот на социјалните мрежи најавил дека ќе го убие Санчез. Во моментов се наоѓа во затвор во местото Тераса.