Обезбедени 20 стипендии „Борис Трајковски" за академската 2019-2020 година на Универзитетот Шефилд

Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на  Македонија, а другите педесет проценти ги обезбедува Универзитетот „Шефилд”.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, Јанис Верверидис, денеска го потпишаа протоколот за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски” за академската 2019/2020 година.

Како што соопштија од Kабинетот на претседателот, потпишаниот протокол предвидува нивна заедничка соработка за академската 2019/2020 година со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Извршната програма на Универзитетот Шефилд за бизнис администрација која се реализира во Солун, Грција, а во рамките на стипендиите „Борис Трајковски".

Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Македонија, а другите педесет проценти ги обезбедува Универзитетот „Шефилд”.

Студентите по завршувањето на оваа програма ќе се стекнат со дипломи од Универзитетот Шефилд, Велика Британија, за мастер студии по деловна администрација.

Изборот на кандидати за доделување на овие стипендии ќе биде спроведен заеднички од страна на Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски" и „Сити Колеџот", преку заедничка комисија составена од по еден нивни претставник, во согласност со условите за прием на Универзитетот Шефилд и законските прописи на Република Северна Македонија.

Преку оваа програма досега дипломирале околу 1000 студенти. Мнозинството од нив својата кариера ја градат во Република Северна Македонија, а приближно 250 се наоѓаат на раководни позиции во нашата држава, стои во соопштението.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер