Претходната Влада ниту предвидела средства, ниту потпишала договор за финансирање на бесплатниот студентски јавен превоз во главниот град – вели премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите беа враќани од билетарите на ЈСП со образложение дека нема средства за продолжување на нивните билети од 1ви јануари. Мицкоски соопшти дека за следната година за оваа намена се обезбедени 120 милиони денари. Со оглед на тоа што овие средства се предвидени со буџетот за 2025 година, за нив мора да се одлучува по почетокот на годината, објаснуваат од МОН. Оттаму велат студентите да бидат спокојни бидејки ваквата одлука конечно се носела по 3 години, а во случајов најдоцна до средината на јануари.
-Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Се што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме, граѓаните не смеат да трпат. Во рамките на нашите ингеренции се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот,-истакна Христијан Мицкоски.
За да не се случи студентите да останат без бесплатен превоз во периодот од 1ви јануари до носење на одлука на Влада, од студентското собрание при УКИМ предлагаат МОН со гаранција дека одлуката со сигурност ќе биде донесена на почетокот на годината, да испрати директен допис до Град Скопје да овозможи во тој период студентите бесплатно да го користат јавниот превоз.
- МОН да испрати директен допис до Градот Скопје дека одлука сигурно ќе има на првата Владина седница по новата година или на втората, а да ги замоли за тие две недели студентите да имаат бесплатен превоз бидејки тие средства ќе бидат префрлени за целата година и доколку тоа се случи, градот да го прифати тој момент ние не би дискутирале ништо повеќе, а се додека тоа не се случи ние ќе вршиме притисок до сите институции да не се случи студентите да останат без бесплатен превоз во новата година,- Христијан Мицкоски.
Според Николоски потребно е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу локалната и централната власт и навремено решавање на овие прашања, за во иднина да не се случува повеќе од 20.000 студенти да бидат во неизвесност дали ќе им следува нешто што им било овозможувано изминатите 10 години.