Напротив, сега е уште побрз и поагресивен, токму како што сугерираат неговиот изглед и податоците на хартија.
Новото Revuelto пристигна на патеката Automotodromo Piero Taruffi во Валелунга, недалеку од Рим. Зад воланот е професионалниот тркачки возач Андреа Калдарели, кој го извлекол максимумот од оваа машина подготвен да забрза до 100 km/h за 2,5 секунди и да брза до 350 km/h.
За потсетување, Revuelto е придвижуван од plug-in хибриден погон, кој се состои од 6,5 V12 со три електромотори, а синергетскиот ефект е дури 1015 КС. А кога Калдарели, член на Squadra Corse на Lamborghini, ќе го преземе воланот, јасно е дека ќе видиме суперинтересно возење со многу атрактивни маневри.
Тој на крајот ја пофали динамиката на возењето на автомобилот, испораката на моќност и осумстепениот менувач.
Воедно, на овој модел не му е потребна дополнителна реклама бидејќи е распродаден две години однапред. Првите испораки стартуваат во последниот квартал од оваа година.