Новогодишни честитки – традиција која исчезнува

Шарени и блескави во најразлични дизајни. Некогаш плоштадите и пазарите беа преплавени со новогодишни честитки. Денес, да се наиде на нив е вистинска реткост.

Ако скопскиот плоштад на времето вриеше од продавачи на новогодишни честитки, сега тие речиси и да ги нема. Оваа традиција како да исчезнува кај луѓето.

Ерџан Бајрами е единствениот кој продаваше честитки за време на нашата обиколка на улица „Македонија“. Вели се уште го држи ентузијазмот од минатото, кога новогодишните честитки беа синоним за среќа кај граѓаните. Вели, новитре трендови и технологијата си го направија своето.

Канал 5 посети неколку места низ градот, а на една тезга со новогодишни честитки наидовме и на Зелен пазар. Граѓаните велат, честитки си испраќаат преку мобилен телефон, малкумина се уште се држат до традицијата.

Во 2020 година, Македонска пошта започна акција насловена „Да ја обновиме традицијата на испраќање честитки, нудејќи и промотивни пакети на услуги.

Брод потона во близина на Лампедуза, 20 мигранти се водат како исчезнати

Дваесет мигранти исчезнаа денеска во близина на италијанскиот остров Лампедуза, откако потона брод од кој беа спасени седум лица, меѓу кои и осумгодишно дете од Сирија, јави италијанската агенција Анса.

Италијанската крајбрежна стража трага по исчезнатите лица, меѓу кои има пет жени и три деца.

Бродот тргнал од Либија, а седуммината спасени се Сиријци, Суданци и Египќани.

Градоначалникот на Лампедуза, Филипо Манино, изрази надеж дека оваа трагедија е навистина последна, истакнувајќи дека се случила среде новогодишната прослава.

Повеќе од 2.000 мигранти загинале или исчезнале додека се обидувале да го преминат централното Средоземно Море, кое е најсмртоносната миграциска рута во светот.

Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир

Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. 

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков - првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.

-Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна Им посакувам на Сања и Јаков да имаат среќни и успешни мигови. Воедно и на сите граѓани на Република македонија, рече директорката на Клиниката Ирена Алексиоска Папестиев честитајќи им ги Новата година и Божините празници.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година по се изгледа дека ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца - првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

-Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убави перфектно задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија, рече Таравари поскаувајќи среќни празници на сите граѓани.

На новинарско прашање дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во Новата година, министерот Тараравари отфрли таква можност.

-Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клинии во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имамме штпо повеќе новородени деца во секоја минута, вели Таравари и најави дека по ГАК заминуваат во посета и на девојченцето во Чаир.

Директорката Алексиоска Папестиев изјави дека во новата година веќе се родени пет бебиња, а дежурната екипа имала доста напорно дежурство кое почнува од 13 часот, минатиот ден имале осум породувања.

-Лани завршивме со 3873 новородни. Значи секоја година се помал е овој број, но процентуално минатата година е и поголем, оти за жал во целата држава се помалку се раѓаат. Но, се надевам дека овој тренд ќе се промени, и дека веќе наредната година ќе се пофалиме да ја надминеме поовторно четворката, рече директорката и најави реновирање во Клиниката.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, рече дека традиционално тие го доделуваат златникот на првородентото дете. Златник ќе добие и новороденчето во Клиниката во Чаир.

Хамилтон од денеска и официјално е возач на Ферари

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон од денеска и официјално стана член на тимот на Ферари, со кого пред неколку месеци потпиша договор кој почна да трае од првиот ден на 2025 година.

Славниот Британец во 2025 година ќе наполни 40 години, а од 2007 година е дел од „најбрзиот циркус“. Хамилтон ги помина сите 18 сезони возејќи ги болидите на Мерцедес, прво за Мекларен (каде освои една титула), а потоа и за АМГ Петронс, во кој помина дури 12 сезони и освои шест титули, две втори и едно трето место во Формула 1 шампионатот.

Еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 изјави дека со доаѓањето во Ферари го исполнил сонот што го имал уште од малечок и целта му е да ја освои осмата шампионска титула во болидот на овој тим.

-Среќен сум откако направив се што сонував како дете со Мерцедес. Сега имам можност да остварам уште еден сон, да возам за Ферари во црвено. Мерцедес е голем дел од мојот живот уште од мојата 13-та година, па затоа оваа одлука беше една од најтешките во мојот живот, изјави Хамилтон при потпишувањето на договорот со Ферари.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март во Мелбурн, во текот на натпреварувањето ќе се одржат 24 трки, а титулата ја брани Холанѓанецот Макс Верстапен.

притисни ентер