Новиот театар во Велес ќе биде готов до септември

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во рамки на посетата на новиот театар кој се гради во Велес, денеска најави дека објектот ќе биде готов до септември годинава.

- Тендерски процедури се завршени и сега сите фирми работат во внатрешноста на новиот театар во Велес. Се интензивираат работите на малата и големата сцена. 95 отсто од машинските работи се завршени и се поставува сценската технологија. Привршува изведбата и на фасадата на објектот. Пред влезот на театарот, под куполата ќе биде поставен мозаик , за чиј избор денеска одлучивме - вели министерката за култура Канческа-Милева.

Таа објасни и дека мозаикот ќе биде орнаментика извадена од археолошкиот локалитет Стоби, кој е значаен за градот Велес.

- Самиот мозаик е доста убав и мислам дека ќе биде една многу значајна орнаментикакоја ќе го краси влезниот дел на театарот – додаде министерката.

Министерството обезбеди средства за дозавршување на новиот театар. Велешкиот и театарот во Скопје ќе бидат предадени во употреба годинава. Актерите во септември ќе застанат на сцена и ќе ги почнат подготовките на првата премиера во новиот велешки театар. Неа ќе ја работи комплетна македонска екипа составена од автор, текстописец и режисер. Дополнително ќе се одлучи дали ќе биде работена по избран текст, стар од националната драматургија или тоа ќе биде текст по нарачка.

- Сега вработуваме и нови актери, петмина, една нова млада и талентирана сила во нашиот театар која имавте можност на неколку претстави веќе да ја гледате. Се надевам дека таа силна, креативна енергија ќе донесе еден убав момент и на отворањето – вели Јордан Витанов, директор на НУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Велешани, во новиот театар, чија изградба чини околу 10 милиони евра, првата премиера ќе можат да ја гледаат на крајот на годинава.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер