Новиот „Mitsubishi ASX“ изгледа познато?

Јапонскиот производител ги користи сите придобивки од припадноста кон групацијата „Renault-Nissan“.

„Mitsubishi“ ја претстави најновата генерација на својот мал кросовер, „ASX“, кој ќе се продава на некои од европските пазари. Новиот „ASX“ е практично идентичен со „Renault Captur“, а единствената видлива разлика е ознаката на предната маска. Дури и бандажите се исти како кај францускиот модел.

Како и дизајнот на надворешноста, „Mitsubishi“ исто така ја користи моторизацијата на брендот „Renault“. Палетата се започнува со 1,0-литарски трицилиндричен бензински мотор кој развива 91 КС (67 kW).

Следен е 1,3-литарскиот турбо-бензинец кој е достапен во две верзии на моќност и има 12-волтна „блага“ хибридна технологија. Се нуди во опции со 140 КС (103 kW) и шестстепен мануелен менувач или со 158 КС (116 kW) и седумстепен автоматски менувач со двојно квачило.

„ASX“ е исто така првиот „Mitsubishi“ опремен со целосна хибридна погонска единица продаденво Европа, благодарение на 1,6-литарски бензински мотор потпомогнат од два електрични мотори.

Овој погонски систем нуди 143 КС (105 kW).

Конечно, понудата е заокружена со 1,6-литарски „plug-in“ хибрид. Комбинира два електрични мотори и има батерија од 10,5 kWh што му овозможува на кросоверот да помине до 50 километри возејќи само на електрична енергија. Вкупната комбинирана моќност на погонската група е 159 КС (117 kW).

Новиот „Mitsubishi ASX“, доаѓа со пакет напредни безбедносни карактеристики, вклучувајќи стандардно предупредување за заден судир со помош за итно сопирање и детекција на пешаци и велосипедисти, како и Активно следење лента и препознавање сообраќајни знаци.

Достапни се и помош за мртов агол, активно следење лента, предупредување за брзина, адаптивна контрола на патувањето и интелигентни долги светла.

Моделите со врвни спецификации се достапни и со системот „MI-PILOT“, кој комбинира адаптивна контрола на патувањето и активно центрирање на лентата за да преземе некои функции за возење на отворен пат.

„Mitsubishi ASX“ ќе се појави во продажба дури во пролетта 2023. Прво ќе биде достапен за клиентите во Германија, во март следната година, а потоа и на другите европски пазари каде што брендот е сè уште активен.

Цените ќе бидат објавени подоцна.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер