Новинар го искритикува Гвардиола

„Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, а кукаш за календарот“.

Новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако се пожали на натпреварувачкиот календар на неговиот тим за оваа сезона.

- Плачи повеќе, Пеп... Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, платени од газди од Блискиот Исток, и кукаш за премногу натпревари, напиша Морган на социјалната мрежа Икс.

Гвардиола синоќа изрази незадоволство од распоредот на натпреварите на „Граѓаните“ откако го совлада Челзи (1:0) во полуфиналето на ФА Купот./МИА

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер