Нови сомнителни случаи на туберкулоза, се чекаат резултатите за шест деца

Нови шест сомнителни случаи на туберкулоза во детската болница „Козле“. Станува збор за деца од Скопје. 

Тие во петокот биле донесени во болницата со симптоми, а претходно било кажано дека член од семејството, дете кое од јануари е хоспитализирано на клиниката за детски болести. Од болницата објаснуваат дека освен што ги чекаат резултатите чекаат и потврди дали децата биле вакцинирани од туберкулоза или не. Во болницата од почетокот на годината има 11 пациенти заедно со непотврдените случаи со туберкулоза.

Новите сомнителни случаи немаат поврзаност со семејството од Куманово чиј најмлад член девет месечно бебе почина од туберкулоза. Од болницата „Козле“ објаснуваат дека семејството од куманово кое се лекуваше е негативно и не пренесува повеќе туберкулоза. Министерката Јована Тренчевска објаснува дека семејството од Куманово не треба да се стигматизира и дека треба по лекувањето да бидат нормално прифатени од заедницата.

Најчесто се разболуваат луѓето со слаб имунитет и ХИВ позитивните луѓе. Во денешно време таа ја има во социјално сиромашни земји. Единствена заштита е вакцината. И покрај вакцината постои можност да се добие болеста, но болеста е во полесна форма. Болеста се пренесува од близок долготраен интрафамилијарен контакт нема ризик за останатие луѓе.

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.  

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

Блинкен: Хамас е единествената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Чекаме да видиме дали навистина ќе се согласат на прекин на огнот и дали ќе ги ослободат заложниците“, рече Блинкен на форумот Седона на Институтот Мекејн во Аризона.

„Реалноста во моментов е дека Хамас е единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“, додаде тој. Израел и земјите посредници сè уште чекаат одговор од исламистичкото движење на предлогот за 40-дневно примирје поврзано со ослободувањето на заложниците во Газа во замена за палестинските затвореници кои ги држи Израел.

Делегација на Хамас денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите. Истакнувајќи дека милитантите на Хамас „тврдат дека го претставуваат“ палестинскиот народ, Блинкен рече дека „ако тоа е вистина, прекинот на огнот треба да се прифати“.

Американскиот државен секретар, исто така, процени дека израелскиот напад врз Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, кој е дом на повеќе од милион Палестинци раселени поради војната, ќе предизвика штета „поголема отколку што е прифатливо“. Според Блинкен, Израел не претставил никаков план за заштита на цивилите при овој можен напад.

„Во отсуство на таков план, не можеме да поддржиме голема воена операција во Рафа, бидејќи штетата што таа би ја предизвикала би била над она што е прифатливо“, рече тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот ја потврди намерата да започне офанзива на Рафа „со или без договор“ за прекин на огнот. „Ќе направиме сѐ што е потребно за да го победиме и поразиме нашиот непријател“, рече тој.

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

притисни ентер