Нови 1295 заразени со Ковид-19 ,починале 26 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје-190, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-40, Тетово-30, Струга-1, Велес-26, Битола-11, Кавадарци-12, Гостивар-14, Гевгелија-13, Струмица-23, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-5.

Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 19189, активни 7756

• Куманово 2883, активни 767

• Дебар 402, активни 91

• Штип 2054, активни 460

• Прилеп 2000, активни 832

• Тетово 3000, активни 1014

• Струга 1007, активни 238

• Велес 1313, активни 736

• Битола 1197, активни 606

• Охрид 1059, активни 463

• Кавадарци 810, активни 376

• Гостивар 1646, активни 526

• Гевгелија 542, активни 220 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1280, активни 627

• Крива Паланка 314, активни 104

• Радовиш 324, активни 118

• Крушево 60, активни 34

• Кочани 964, активни 318

• Пробиштип 283, активни 103

• Демир Хисар 143, активни 70

• Македонски Брод 119, активни 17

• Пехчево 72, активни 13

• Берово 271, активни 80

• Валандово 126, активни 39

• Виница 259, активни 132

• Делчево 337, активни 179 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 111, активни 70

• Свети Николе 586, активни 139

• Кичево 859, активни 372

• Ресен 322, активни 113

• Неготино 303, активни 202 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3315 теста се преку: ИЈЗ-1140, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-406, Биотек-282, МАНУ -295, Жан Митрев (Филип Втори) -206, Систина со PCR метода -358, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-105, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-78, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -246, УК Пулмологија со алергологија –0 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 458

• Гази Баба – 1066

• Аеродром -1205

• Карпош – 1032

• Центар – 982

• Кисела Вода – 964

• Ѓорче Петров – 639

• Бутел - 400

• Шуто Оризари – 132

• Студеничани – 39

• Сарај – 87

• Арачиново -20

• Илинден – 192

• Сопиште – 58

• Чучер Сандево – 69

• Петровец –74

• Зелениково -47

• Странец – 125

• Нераспределен- 167

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер