Новески: Одлуката за повлекување со тешко срце

По квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2014, Николче Новески се одлучи да каже збогум на репрезентативниот дрес.

Силното темпо во својот клуб, многуте обврски, но и годините, го натераа на таков потег, иако одлуката не била донесена одеднаш, туку за неа се размислувало подолго време.

- Тоа ми е најтешката одлука. Кога ќе се сетам со колку радост и задоволство одев на репрезентативните повици. Играв против врвни репрезентации, пред полни стадиони и одлична атмосфера. Секогаш е убаво, меѓутоа одлучив затоа што сметав дека веќе не можам да се носам со тој предизвик. Не оди да дојдам во националниот тим уморен или неподготвен. Силното темпо исто така си имаше свое влијание, но и се случија многу промени во репрезетацијата и одлучив да кажам дека е доста. Чест ми беше што бев дел од националниот тим и тие настапи, собири, тренинзи, атмосфера пред излегувањето на теренот ќе ми остане засекогаш во моето срце, изјави Новески за веб страната на ФФМ.

36-годишниот „стопер“ додава дека потешко му било да биде капитен во клуб, отколку во репрезентацијата.

- Во клуб си заедно со играчите 300 денови во годината, во репрезентацијата 20 дена. И секако дека е потешко да си лидер и да се управува со една средина повеќе денови. Задоволство беше да се биде капитен и на репрезентацијата, тоа е факт, меѓутоа чувствував поголем притисок на клупски план, додаде Новески.

Тој доби потврда на статусот клупска легенда во германски бундеслигаш Мајнц, откако се прости од дресот на Мајнц по 11 години. Навивачите на Мајнц му приредија незаборавен спектакл, а во четвртата минута, што симболично го претставува неговиот дрес со број 4 сите на стадионот беа на нозе и го скандираа неговото име. Истовремено беше истакнат и голем транспарент на кој пишуваше: „11 години, 345 натпревари, 13 погодоци, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во европските купови…Ти благодариме за се Николче Новески“.

Беше прикажано видео за Новески, а во арената одекнуваше класичниот хит на Синатра „Го сторив тоа на мој начин“.Соиграчите стоеја во шпалир, а навивачите развија транспарент на кој беше напишано „’О, капетане, мој капетане“.

Со солзи в очи Николче Новески ја напушти големата бина. Како великан заслужи да се прости и од репрезентацијата на Македонија.

На Националната арена „Филип Втори“ на натпреварот Македонија – Шпанија на 8 септември Новески доби официјално признание од Фудбалската федерација на Македонија за 64-те одиграни натпревари во националниот дрес. /МИА

„Мува“ е прекарот на нарко босот, поради кого е нападнат полициски конвој во Франција (ВИДЕО)

Затвореникот Мохамед А., познат како „Мува“, наводно побегнал откако вооружена група нападнала полициски конвој во Франција.

Во нападот загинаа најмалку двајца затворски чувари.

Мохамед (30) бил осуден за тешка кражба, а претходно бил обвинет и за обид за убиство, јавуваат француските медиуми.

Полициски извори наведуваат дека тој бил шеф на наркомафија.

Според првите информации, „Мува“ избегала со четворица напаѓачи со „ауди“ кое полицијата го пронашла запалено на неколку километри подалеку.

Нападот се случил додека „Мува“ во конвој бил вратен во затвор од Обвинителството каде бил на распит.

Најмалку осуммина загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Флорида (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествувал автобус.

Несреќата се случила во округот Мерион во 6:30 часот по локално време, објави Њујорк Пост.

Портпаролот на полицијата соопштила дека во моментот на несреќата во автобусот имало мигранти кои работеле на фарма со лубеници.

Двојно убиство во Стајковци: 67 - годишен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

Денеска (14.05.2024) во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К.(57) и нејзиниот сопруг В.К.(64). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

притисни ентер