НОВАТА OPEL ASTRA Е ПРОГЛАСЕНА ЗА „КОМПАКТЕН АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА“

Новата Opel Astra е прогласена за „Компактен автомобил на годината во Германија за 2023 година“. 

• Најдобар компактен автомобил во Германија: најновата компактна класа на Opel го импресионира стручното жири

• Јасен победник: Astra и Astra Sports Tourer со значително водство пред конкуренцијата

Независното стручно жири на „German Car Awards“ ја избра новата генерација на Astra и Astra Sports Tourer за најдобар автомобил од компактна класа во Германија, далеку пред конкурентите во овој сегмент. Иновативните безбедносни технологии, кои Opel ги прави достапни за широк спектар на купувачи во компактната класа со новата Astra, го убедија жирито од 27 автомобилски експерти и новинари исто како и широката палета на погонски единици, вклучувајќи го и електрифицираниот plug-in хибрид со кои возачите на Astra можат да патуваат без штетни емисии. Жирито, исто така, го пофали привлечниот, прогресивен дизајн заедно со уживањето при возење и вредноста за парите што ги нуди Astra. Престижната награда официјално беше доделена вчеравечер на церемонија во Bad Dürkheim, Германија.

„Наградата за „Автомобил на годината во Германија“ во компактната класа за Astra и Astra Sports Tourer уште еднаш покажува дека најновата генерација не само што е вистински предизвикувач туку го има и она што е потребно за да биде победник во секој поглед. “, изјави Andreas Marx, Бренд менаџерот на Opel во Германија.

„Opel Astra се издвојува во својот сегмент како вистински сеопфатен модел, што го убеди нашето жири во секој аспект. Патем, ова важи и за емотивните критериуми како што се дизајнот и уживањето при возење, каде што јасно се издвојува од конкурентните модели“, изјави Jens Meiners од жирито на GCOTY.

Astra и Astra Sports Tourer: Уживање при возење

За време на опсежните тест возења, судиите внимателно ја разгледаа новата Opel Astra. Беа земени предвид однесувањето при возење, употребливоста, удобноста и многу други аспекти. Дисциплини во кои блеска најновата генерација на бестселер од компактната класа. Со моќност од 133 kW/180 КС и силен вртежен момент од 360 њутн метри, електрифицираната Astra plug-in хибрид нуди чисто задоволство при возење (WLTP потрошувачка на гориво: 1,1-1,0 l/100 km, емисија на CO2 24-23 g/ km; и двете комбинирани). Забрзувањето од нула до 100 km/h е за само 7,6 секунди.

Интуитивното работење на системите за инфозабава и помош при возење е овозможено со новиот интерфејс HMI (Human-Machine Interface), јасно дизајнираниот, целосно дигитален cockpit Pure Panel со екстра широк екран на допир и основни прекинувачи, како на пример за клима уредот. Најсовремените технологии како што се приспособливите Intelli-Lux LED® Pixel Light предните светла без отсјај, со вкупно 168 LED елементи го прават возењето попријатно и побезбедно, особено во зимските месеци од годината. Ергономските седишта за возачот и совозачот, на пример обложени во Alcantara, обезбедуваат врвна удобност при патувањето со сертификат AGR (Aktion Gesunder Rücken e.V.).

Наградата „Автомобил на годината во Германија“ годинава се доделува по петти пат. Независното жири составено од експерти, моментално составено од 27 членови, ги избира соодветните победници во класата во пет категории – компактен, премиум, луксуз, нова енергија и перформанси. Изборот на учесниците на натпреварот се врши врз основа на објективна цена и критериуми за достапност на пазарот. Изборoт за прв пат се одржа во 2019 година.

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело

Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Александар Николовски е избран за претседавач на Националното студентско тело со мандат од една година односно до април 2025.

На втората седница на ова тело одржана во саботата, тој е избран од присутните претседатели на студентски собранија на универзитетите „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитет на Југоисточна Европа, Американски универзитет во Европа ФОН и Американ колеџ Скопје.

Целта на Националното студентско тело е да претставува највисока форма на обединување на универзитетските студентски собранија во државата кое ги застапува студентите.

На седницата беше претставена и кандидатурата на Николовски за претседавач со предлог акциски план која ќе стане дел од програмата за работа на ова тело.

Краткорочни цели во неговиот Акциски план, кои планира да ги реализира до крајот на мандатот, Николовски ги наведува: Националното студентско тело да добие правна форма и преку измена на Законот за високо образование, телото да биде официјален претставник на студентите и студентските права во земјата.

Во краткорочните цели се и: инкорпорирање на Декларацијата за придружување во Статутот на телото; на Резолуцијата во програмата на телото; на целите на Студентскиот манифест потпишан од пет универзитетски студентски собранија во програмата на телото и повик за придружување на останатите функционални универзитетски студентски собранија кон телото.

Исто така, Николовски планира ова тело да стане дел од Интеруниверзитетската конференција, планира зголемување на соработката и координацијата помеѓу универзитетските студентски собранија, подигнување на студентскиот активизам, а воедно и младинскиот; поддршка на работата на универзитетските студентски собранија и апликации за придружување кон НМСМ и кон Европската студентска унија.

Во долгорочните цели на претседавачот на Националното студентско тело се настојувањата, како што вели, „да се решат суштинските студентски проблеми и предизвици“, креирање можности преку инкорпорирање на целите на Резолуцијата и Студентскиот манифест, во соработка со надлежните институции.

Николовски во целите на долг рок ги посочува: бесплатно високо образование на јавните универзитети, подобрување на студентскиот стандард со итно носење на новиот Закон за младински стандард; зголемување на студентските права - измени во Законот за високо образование; квалитетно високо образование - во соработка со агенциите за акредитација и за евалуација, универзитетите и МОН; кариерни можности - соработка со Агензијата за вработување, МОН, центрите за кариера и бизнис-секторот.

Во долгорочните цели се и дигитализација, интернационализација и автономија. Процест на дигитализација ќе се остварува со „притисок за исполнување на целите на Националната стратегија за млади 2023 - 2027 во која е предвидена целосна дигитализација во високото образование“. За интернационализацијата предвидува изработка на стратегија за привлекување поголем број странски студенти, согласно праксата во регионот.

Во однос на автономијата, Николовски ќе се залага за „остварување реална кадровска и финансиска автономија на државните универзитети, поголема автономија за универзитетите и нивните единици во процесот на создавање студиски програми“.

притисни ентер