Новата Е класа ќе пристигне кон крајот на април, познати се првите детали

Мерцедес на 25 април ќе ја претстави новата генерација на својата бизнис лимузина.

Во пресрет на премиерата, германскиот производител објави тизер фотографија од силуетата на автомобилот, која открива некои детали.

Се гледа само горниот дел од автомобилот, а на фотографијата се гледа дека препознатливата линија на класата Е нема да се промени, туку дизајнот ќе биде нешто поагресивен. Дури и порано, Е-класата генерално не донесе дизајнерска револуција, туку еволутивна промена на стилот.

Сепак, има значајни новитети во внатрешноста, а доказ за тоа се фотографиите кои Мерцедес ги објави на крајот на февруари.

Деталите за погонската единица на новатаЕ класа сѐ уште остануваат тајна. Сè уште ќе бидат електрифицирани мотори, а ни „AMG“ нема да може да избегне хибридизација. Некои модели, како новиот „E63“, најверојатно ќе бидат опремени со „plug-in“ хибридни системи.

По премиерата на лимузинската верзија, може да очекуваме и нова генерација на караванот од класата Е.

Boston Dynamics има нов хуманоиден робот, објавија снимка од неговите можности (ВИДЕО)

Boston Dynamics лансираше нова, електрична верзија на својот хуманоиден робот Atlas, откако најавија повлекување на хидрауличниот модел.

Во објавеното видео, новиот Atlas се преклопува за да се крене од лежечка положба пред да зачекори кон камерата и да ја сврти главата. Екстремитетите, торзото и главата на роботот можат да ротираат за 360 степени, давајќи му на Атлас широк опсег на движења.

Компанијата соопшти дека нејзината електрична верзија на Atlas е посилна, со поголем опсег на движење од претходните генерации и дека се движи на начини кои „ги надминуваат човечките можности“.

„Ја дизајниравме електричната верзија на Atlas да биде посилна, попргава и поагилна“, се вели во блогот на компанијата. „Градиме робот кој ќе се движи на најефикасен можен начин за да ја заврши задачата, наместо да биде ограничен од опсегот на движење на човекот“, пишуваат тие.

Hyundai, кој го купи Boston Dynamics во 2021 година, планира да користи хуманоидни роботи во своите фабрики. Новите производствени капацитети треба да послужат како полигон за тестирање на можностите на Atlas, објави корејската компанија.

Boston Dynamics објави и проштално видео од пензионираната хидраулична верзија на роботот.

„Речиси една деценија, Atlas ја поттикна нашата имагинација, инспирираше нови генерации роботичари и ги прескокна пречките на теренот. Сега е време нашиот хидрауличен робот Atlas да седне и да се опушти“, пишува Boston Dynamics.

Туск: Ќе изградиме барикади на источната граница

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска почнува да работи на дополнително зајакнување на целата источна граница, во време кога земјата се соочува со, како што рече, сè помоќна „хибридна војна“ поради илегалните мигранти од Белорусија.

Туск не даде детали за планираните активности или средствата што ќе бидат наменети за нив, но рече дека кога безбедноста на Полска е во прашање, „нема да има ограничувања“.

„Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалните мигранти. Всушност, имаме работа со растечка хибридна војна“, рече премиерот при обиколката на границата каде што се сретна со војници и граничари. „Сакам да нема сомнежи овде - земја која покажува сè поагресивни намери кон Полска, како Белорусија, е коорганизатор на оваа практика на полската граница.“

Во 2021 година, претходната полска влада и Европската унија ја обвинија Белорусија дека го организира протокот на мигранти за да изврши притисок врз ЕУ поради санкциите наметнати од европската институција кон Минск, но Белорусија ги отфрли обвинувањата.

Оттогаш продолжуваат обидите за преминување на границата, а бројките варираат со текот на времето. Полските граничари велат дека секојдневно евидентираат околу 300 обиди за илегално преминување на границата. Заладените односи меѓу соседните земји дополнително се влошија по инвазијата на Украина од страна на белорускиот сојузник Русија.

Претходната полска влада подигна ограда на полско-белоруската граница, долга повеќе од 180 километри и висока пет и пол метри, во обид да се заштити од илегалните мигранти. После тоа, беше инсталиран систем на камери и сензори кои ја надгледуваат границата.

Туск рече дека новите утврдувања ќе бидат поставени долж „целата источна граница“, но не даде детали.

„Тоа не е само внатрешната граница на Полска, туку и границата на ЕУ. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во сопствената безбедност, инвестирајќи во источната граница на Полска и во безбедноста на нашата заедничка граница“, рече Туск.

Навивачите на Баер бесплатно добиваат посебни шампионски тетоважи

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула.

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула, но се уште имаат шанса за тројната круна бидејќи играат со Кајзерслаутерн во финалето на купот и со Аталанта во Лигата на Европа во финалето во Даблин на 22 мај.

Со ремито 2:2 против Рома, со кое ја потврдија победата од 2:0 од првата полуфинална средба, фармацевтите ја продолжија серијата без пораз на 49 натпревари оваа сезона и го соборија повеќедеценискиот европски рекорд на Бенфика, поставен помеѓу 1963 и 1965 година.

Баер ги опиша тетоважите како „специјална промоција на крајот на посебната сезона“ и им понуди на фановите да изберат една од многуте тетоважи со клупска тема и да закажат состанок за бесплатно да добијат нова декорација за својата кожа.

притисни ентер