Нова современа амбуланта во општина Бутел

 Една од старите дрвени амбуланти во општина Бутел е заменета со нова и современа во рамки на проект на Министерството за здравство.

Како што информираше денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, амбулантата сега има чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните.

- Во тој проект се заменија старите амбуланти и во Ѓорче Петров и во Лисиче. Како Здравствен дом Скопје, кои сме корисници на овие објекти, задоволни сме од тоа каков проблем ни реши нивната обнова. Целта, меѓу другото, ни е да ги повикаме граѓаните од Бутел, Ѓорче, а набрзо и од Лисиче, откако за таму ќе се заврши постапката за концесија, да доаѓаат кај матични и други лекари во овие амбуланти, во близина на нивното место на живеење. Нема потреба повеќе да одат да се лекуваат во други делови на градот и далеку од своите домови, изјави Исјановски.

Прашан дали има анализа која покажува колку објектот е безбеден, Исјановски рече дека фирмата што го градела, ги презема сите безбедносни мерки.

- Како што можете да видите, во нив имаме централно ладење и централно греење. Поставени се, колку што знам, огноотпорни панели меѓу ѕидовите, рече Исјановски.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер