Нов Зеланд на 30 април се отвора кон светот, но само за целосно вакцинирани странци

Границите на Нов Зеланд ќе продолжат да бидат затворени за повеќето луѓе во следните пет месеци, објави владата кога ја откри внимателната стратегија за олеснување на ограничувањата за патување што се во сила од март 2020 година.

Таа земја од Јужен Пацифик има спроведено некои од најстрогите ограничувања поради Ковид-19 меѓу земјите на ОЕЦД.

Ова е помогнато од географската изолација, па на Нов Зеланд му беше полесно да го спречи ширењето на ковид-19, додека економијата закрепна побрзо отколку во некои слични земји.

Појавата на позаразната варијанта делта оваа година го забави процесот на укинување на ограничувањата, а главниот град Окленд дури сега целосно укинува некои мерки со зголемување на бројот на вакцинирани.

Целосно вакцинираните странци ќе можат да влезат во Нов Зеланд од 30 април 2022 година, изјави министерот задолжен за одговор на Ковид-19, Крис Хипкинс, на прес-конференција.

Целосно вакцинираните Новозеланѓани и Австралијците кои имаат виза за постојан престој во Нов Зеланд можат да патуваат во Нов Зеланд од 16 јануари, додека вакцинираните жители на Нов Зеланд ќе можат да влезат во земјата од 13 февруари.

„Пристапот во повеќе фази за поврзување со светот е најбезбедниот пристап за внимателно управување со ризикот“, рече Хипкинс.

„Ова ги намалува сите потенцијални влијанија врз ранливите заедници и здравствениот систем на Нов Зеланд“, додаде тој.

Целосно вакцинираните патници ќе треба да имаат негативен тест пред да летаат за Нов Зеланд, а по пристигнувањето во земјата мора веднаш да се тестираат за Ковид-19.

Тие нема да мора да престојуваат во државните карантински установи, што беше случај порано.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во Пустец ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

- Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

притисни ентер