Нов скандал во Формула 1 - претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати

Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.

Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми.

Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.

Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката.

Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем.

Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот. /МИА

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

притисни ентер