Нов скандал ја тресе Британија:Откриено мрачното минато на принцезата Камила!

Камила Паркер Боулс, денес угледна  дама во кралскиот двор, зад себе има бурно минато.

Како што наведува Имоџен Тејлор во книгата "On The Fringe",Камила ги менуваа мажите „како чорапи“, што ја чинело и отказ.

-Камила беше отпуштена од отмена работа каде работела за дизајнери на ентериер затоа што сакаше без контрола да се забавува во текот на шеесеттите. Постојно ги менуваше мажте“, вели авторката на книгата.

Принцот Чарлс, со кој Камил е е во брак до 2005 година не ја знаел во целост нејзината биографија.

-Камила беше вистинско „party животно".Живееше за мажите, скапи вечери, јавање, пари и забава“, тврди Имоџен.

Имоџен додава и дека војвотката секогаш била свесна дека не е некоја убавица, но и дека сето тоа го надоместила со нејзиниот карактер.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Владата на Португалија не планира да плаќа репарации за злосторства над робовите

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата.

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата извршени за време на трансатлантската ропска и колонијална ера.

Од 15 до 19 век, шест милиони Африканци биле киднапирани и насилно транспортирани преку Атлантикот со португалски бродови и продадени во ропство, главно во Бразил.

Ребело де Соуза изјави и дека Португалија може да користи неколку методи за плаќање репарации, како што се отпишување на долговите кон поранешните колонии и обезбедување финансиска поддршка.

Сепак, португалската Влада соопшти дека сака „подлабоко подобрување на меѓусебните односи, почитување на историската вистина и сè поинтензивна и блиска соработка, заснована на помирување на братските народи“ и додаде дека не постои „процес или програма за конкретни акции за исплата на репарации“, истакнувајќи дека оваа политичка линија ја следеле и претходните влади.

Владата во Лисабон оцени дека односите со поранешните колонии се „навистина извонредни“, особено во областите како што се образование, јазик, култура, здравство, но и во доменот на финансиската и економската соработка.

притисни ентер