Сертификатите ќе бидат издадени на крајот на јуни, рече премиерката Ерна Солберг.
Досега четвртина од популацијата ја примила првата доза од вакцината против ковид-19, а 6,8 проценти ги примиле двете дози.
„Можеме да користиме таков сертификат за да го отвориме општеството што побрзо и што е можно повеќе“, рече Солберг.
Овие сертификати ќе важат за големите јавни настани и туристичките патувања, вклучително и за крстарења, додека подоцнежната верзија ќе биде во согласност со стандардите на ЕУ за патувања во странство.
Локалните власти во Осло најавија од утре отворање на продавниците и трговските центри, додека следната недела ќе бидат укинати некои ограничувања за основните училишта и градинките.
Норвешка не е членка на ЕУ, но е дел од единствениот европски пазар и Шенген зоната.