Норис за продолжување на договорот со Мекларен: Пораснав во овој тим

Пораснав во овој тим и тука се чувствувам како дома.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис го коментираше обновувањето на договорот со тимот.

- Тоа е прекрасно чувство. Пораснав во Мекларен и тука се чувствувам како дома, тимот ми е како семејство. Досегашното патување беше возбудливо, имавме подеми и падови, но минатата сезона ја покажа нашата желба да се вратиме во борбата за првото место на патеката. Работата што Зак Браун, Андреа Стела и целиот тим ја направија во текот на изминатата година беше неверојатна и уверен сум дека можам да се натпреварувам за победи. Со нетрпение очекувам да продолжам да работам напорно со сите во Мекларен во следните неколку години, рече Норис, цитиран од прес-службата на Мекларен.

Според извештаите на медиумите, договорот на 24-годишниот пилот трае до крајот на сезоната 2027 година и вклучува опции за продолжување.

Британецот вози за Мекларен од 2018 година. Минатата сезона го освои шестото место во пордокот во Формула 1 шампионатот.

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер