Њујорк воведува задолжително вакцинирање за сите наставници во јавните училишта

Наставниците и другите вработени во јавните училишта во Њујорк ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот, рече градоначалникот Бил де Бласио, додека градот се обидува да вакцинира повеќе жители за да го забави ширењето на делта сојот.

Одделот за јавно здравје во Њујорк ќе издаде наредба со која ќе се задолжат сите 148.000 вработени во најголемата училишна област во Америка да добијат барем една доза од вакцината до 27 септември, рече де Бласио. Во Њујорк, училишната година започнува на 13 септември.

„Сакаме нашите училишта да бидат исклучително безбедни во текот на целата година“, рече Бласио на прес -конференција.

Мејша Портер, директор на јавните училишта во Њујорк, рече дека најмалку 63 проценти од вработените се вакцинирани. На вработените во училиштата во Чикаго, Лос Анџелес и Вашингтон, исто така им било наредено да се вакцинираат.

Претходно овој месец, Њујорк побара доказ за вакцинација против коронавирус во рестораните, спортските сали и продавниците. Одлуката предизвика незадоволство кај сопствениците на некои продавници и жителите кои го тужеле Де Бласио. Најновата директива може да предизвика отпор од моќните синдикати што ги претставуваат наставниците и училишниот персонал од Њујорк.

Мајкл Малгру, претседател на Обединетата федерација на наставници, рече дека приоритет на синдикатот е да ги чува децата безбедни и да се отворат училишта. Но, во изјавата, тој додаде дека има многу детали за имплементација, вклучително и одредби за здравствени исклучоци, кои мора да бидат законски договорени со УФТ и другите синдикати и, а доколку е потребно, да се решат спогодбено.

Напорите да се зголемат стапките на вакцинација и да се спроведат мерки за јавна заштита, како што е носење маски во училиштата, наидоа на силен отпор во некои делови од земјата, особено во некои јужни држави кои се сериозно погодени од варијантата делта на коронавирусот.

Во Флорида, некои училишни области се спротивставија на одлуката на републиканскиот сенатор Рон ДеСантис да им забрани на државните училишта да бараат од учениците да носат маски и сега се заканија дека ќе го прекинат јавното финансирање.

Приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер да биде за нивните барања

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања.

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања.

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета.

- Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава.

На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари.

Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција.

- Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа.

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците земени во нападот врз Израел на 7 октомври.

Враќајќи се во Катар по последните разговори во Каиро, делегацијата на Хамас најави дека „ќе разговараат за идеи и предлози“.

„Сакаме да одговориме што е можно побрзо“, изјави извор од Хамас.

Египетски извори за Ал Кахера њуз, веб-страница поврзана со египетските разузнавачки служби, изјавија дека делегацијата на Хамас „ќе се врати со писмен одговор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги опиша условите на примирјето како „исклучително дарежливи“, додека Белата куќа апелираше до посредниците Египет и Катар да го засилат притисокот врз Хамас да го прифати последниот обид за ставање крај на речиси седуммесечната војна.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика египетските и катарските лидери „да вложат максимални напори за да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држи Хамас“, нарекувајќи го тоа „единствената пречка“ за обезбедување помош за цивилите во опколениот Појас Газа.

Египет, Катар и САД со месеци се обидуваат да обезбедат нов договор меѓу завојуваните страни. За време на еднонеделното примирје во ноември, 80 израелски заложници беа разменети за 240 Палестинци кои беа затворени во израелските затвори.

Израел проценува дека 129 заложници остануваат во Газа, вклучувајќи 34 за кои се верува дека се мртви.

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор.

- Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х.

Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска.

притисни ентер