Ништо од веридбата со Тарабасов - Линдзи Лохан има нова љубов од Миконос

Линдзи го запознала Денис Папагеоргиу на својот 30 роденден, кој го прославила на Миконос. Тој е сопственик на ресторанот каде што се славело!

Ништо од веридбата на Линдзи Лохан со 23 годишниот Егор Тарабасов. Таа сега е во нова врска, со човекот кој, како што таа вели, и помогнал „да се спаси од Егор“.

- Егор ги покажа вистинските бои со честите испади, исто и Денис со реакцијата на сето тоа. Линдзи вели дека сега има сериозна врска со Денис за кого зборува како за човек кој ја спасил од Егор. Линдзи се надева дека ова ќе биде поздрава врска - вели извор за „The Sun“.



New romance? Lindsay Lohan is said to be getting 'very serious' with Dennis Papageorgiou, the 'man who saved her' from an explosive beach row with former fiancé earlier this summer


Според таблоидот, Денис раскинал долга врска со манекенката Ноел Коутра, за да биде со Линдзи.

Линдзи и Егор Тарабасов (23) беа заедно околу една година. Во април направија веридба, но од тогаш почнаа да се редат вести за кавгите меѓу нив. Таа тврдеше дека и физички ја напаѓа, и дека се плаши од него.

- Сфатив дека една врска не може да опстане само од љубов. Ни една жена не треба да поднесува да биде удрена и да остане со таа личност, која не е ни подготвена да се извини - изјави Линдзи неодамна за британски медиум...


In happier times: Lindsay and Egor, 23, (pictured at the Butterfly Ball in London in June) called time on their year-long relationship in July after a series of very public rows

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер