Ништо од веридбата - милијардерот Џејмс Пакер ја напушти Мараја Кери: Премногу трошела!

Австралиската публикација „Woman's Day“ пишува дека богатиот Џејмс Пакер, сопственик на казина, ја оставил поп ѕвездата Мараја Кери, поради нејзиното реално шоу и екстравагантното трошење кое не можела да го контролира!

Тајкунот ја оставил Мараја токму кога таа се подготвувала да го открие својот екстравагантен начин на живот во реалното шоу. И дозволил да го задржи вереничкиот прстен од 10 милиони долари, што и го даде во јануари годинава.

- Се е завршено - потври за „Woman's Day“ близок семеен пријател.

Is this the end? James Packer has called it quits with fiancée Mariah Carey, according to a new report in Australian magazine, Woman's Day

- Џејмс многу се противеше на реалното ТВ шоу на мараја во кое таа сакаше да го покаже начинот на кој живеат, пред целиот свет!


За неговите пријатели и роднини раскинувањето на веридбата не предизвика никаков шок бидејќи тие од почетокот се противеа на нивната врска.


Insiders tell *Woman's Day* James wasn't keen to star on her reality show.


46 годишната поп ѕвезда не успеала да ги освои симпатиите на семејството на 49 годишниот тајкун, особено откако одбила д априсуствува на 50-от роденден на неговата сестра Гретел, а тешко и одело и зближувањето со неговата мајка Рос Пакер.

Во последно време се ширеа гласини дека нивната врска е во опасност поради тоа што Мараја го трошела своето време најмногу на организација на реалното шоу за нејзиниот живот, во врска со кое Џејмс остро се противел.

- Џејмс е широкоград и не штеди, но Мараја тоа го постави на друго ниво - велат неговите блиски.

- Кога таа одби да замине во Австралија на роденденот на Гретел, во семејството се појави тензија. Неговата мајка не сакаше да и се спомне името на Мараја, а пријателите никогаш не очекуваа дека тие навистина ќе влезат во брак - вели извор близок до Пакер.

По разделбата со Мараја, Џејмс побарал поддршка од првата сопруга, модната дизајнерка Џоди Меарс, а Мараја поминува време со екс сопругот Ник Кенон.

Mariah was joined by her ex Nick for her Halloween bash this week but James was nowhere to be seen...


На почетокот сите зборуваа дека врската на Мараја и Џејмс се должи на вистинска љубов. Но проблемите кои почнаа со нејзините настојувања да го открие нивниот животен стил во реалното шоу, доведоа до крај на веридбата.


/извор: womansday.com.au

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач. /МИА

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

притисни ентер