Николовски: Со незаконските распределби, Чулев го крши Законот за Влада и Законот за внатрешни работи

Генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски на денешната прес конференција одговори на прашањето за министерот за внатрепшни работи Наќе Чулев и функционирањето на МВР. 

Поставувањето на техничките министри во оваа Влада и заменици навистина ги освежи сеќавањата на граѓаните кои што ги имаа во време на режимот кога функционираше институциите и владата на таков начин на исти стил како во време на режимот и груевизмот со кршење на Устав на закони со насилие, притисоци, уцени, закани и добро е што граѓаните денеска го гледаат тој ист стил, за жал, преку овие нови министри и функционери во преодната влада. И овој министер треба да знае дека потпишал заклетва во која се обврзува дека ќе го почитува Уставот и законот, како и правниот поредок на нашата земја. Моите информации говорат дека огромен број на овие назначувања се незаконски, поради тоа што прво го надминува бројот на 15 промени којшто може да ги прави во самото министерство, односно влегува во зголемувањето на тој број со своите одлуки што ги прави што значи дека го крши законот за влада, законот за внатрешни работи и подзаконските акти на овие закони, и дополнително за сите структури во МВР за различни единици и сектори постојат уредувања со различни прописи, подзаконски акти, којшто исто треба да се почитуваат. Како тоа дали се направени контроли физички, здравствени или дали се почитувани процедурите каде што треба тие промени да се направат, моите информации говорат дека станува збор за големи прекршувања не само на Законот за влада и Законот за внатрешни работи, туку и на многу суштински подзаконски акти со којшто се уредуваат различните постапки за вакви промени којшто треба да се прават или можат во рамки на законот да се прават во самото МВР.Така што уште еден апел и до овој министер и до министерката Мизрахи пред се да го почитуваат Уставот, законите и правниот поредок на оваа држава при целото нивно функционирање и делување во рамки на институциите на Владата.

Гледаме дека за некои вакви постапки коишто деновиве ги гледаме од овие министри, не се случиле воопшто во овие две и пол години, не се случило во период на функционирање на одговорноста којашто ние ја носиме како Влада, ниту еден министер или функционер да оди со службено возило на приватни или партиски средби. Дајте ми еден пример каде што министер на СДСМ бил на некоја партиска средба во некоја општина, да се сретне со членство или да врши партиски обврски и притоа да иде со службено возило.Навистина на граѓаните им се врати меморијата како функционираа, и како работеше режимот на Никола Груевски и тоа е истото она што го прават техничките министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ , рече во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер