Николовски: Да продолжиме да градиме мостови на соработка и заеднички да работиме во интерес на иднината

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.

-Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз, срдечно ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, успех и благосостојба.

Празнувањето на овој ден е симболичен израз на длабоката почит што нашата држава ја има за своите граѓани кои се дел од бошњачката заедница.

Токму разноликоста во јазиците, културата, обичаите и традицијата е тоа што нас како држава не издвојува и не прави посебни и препознатливи. Бошњачката заедница е една од заедниците кои го збогатуваат нашето македонско мултиетничко општество.

Значаен е придонесот на припадниците на бошњачката заедница кои се залагаат за напредок на државата и нејзиното промовирање надвор пред светот.

Затоа, заедно, сплотени да продолжиме да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон градењето на просперитетна и европска Република Македонија, дом и татковина на сите нас.

Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

притисни ентер