Николоски: Пендаровски е свесен дека го чека огромен пораз и затоа навредува

Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. 

Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот во Гевгелија.

Николоски истакна дека веќе сме скоро на недела дена до гласањето, а Пендаровски не одговори на три клучни прашања.

- Прво каков е тој чесен човек кој потпишува измени на кривичен законик со кој се амнестира високиот криминал и корупција во Македонија? Второ каков е тој чесен претседател кој збор нема кажано за ниедна афера на СДС и ДУИ, а особено на ДУИ? Трето каков е тој чесен претседател кој прифаќа кампањата да му биде финансирани со народни крадени пари? – вели Николоски.

Николоски нагласи дека Пендаровски исто така должи одговор и на цела јавност што стори изминативе 5 години, по што ќе го паметиме освен распродавање на македонските национални интереси?

- Дали успеа да ја претстави Македонија добро надвор? Дали се бореше Македонија внатре? Дали бараше повеќе ред и правда, дали влијаеше во судскиот и обвинителскиот совет да има владеење на право или можеби донесе странски инвеститор? Одговорот сите го знаете, тоа е едно големо НЕ. Исто и СДС и ДУИ со прст не мрднаа, камен немаат ставено, во Гевгелија не може да видиме една работа која ја имаат направено, рече Николоски.

Николоски додаде дека затоа во корона кризата истиот кој е носител на СДС во ИЕ 4, Венко Филипче беше министер за здравство и исто како сега ангажираше пиар агенции да му водат личен пиар и да го промовираат во јавноста не дојде ниеднаш во Гевгелија да се соочи со суровата реалност, а тоа е дека 131 човек го загубија животот во тие две години на пандемија на корона, додека тој водеше лична промоција.

- Тоа го нема во ливчињата кои ги добива од агенцијата Рејтинг за која плаќа по 100 евра од текст во медиумите кои објавуваат за Филипче. Пред некој ден имаше 18 текста, тоа за еден ден е 1800 евра. Тоа не се негови пари, тоа се ваши пари кои ги искрадоа во годините наназад. Затоа не треба никому да е чудно што македонското здрваство е на историски најниско ниво, а прв пат се случува 400 млади лекари на специјализација да излезат на протест и никој не сака да ги слушне, изјави Николоски.

Николоски посочи дека Филипче не одговори која е неговата улога во случајот со Онкологија и семејството Пановски каде терапија не беше давана на болни од карцином, до денес не одговори колкава е провизијата која ја зеде од компанијата Стабри регистрирана за трговија со јужно овошје за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија па мораше македонските граѓани да одат во Србија и Бугарија.

Не одговори ни каква е неговата улога за притисокот на сопственик на приватна болница да ја продаде на бизнисмен од Гевгелија или најболната за пожарот во модуларната во Тетово каде 14 луѓе го изгубија животот. На ова ќе мора да се даде одговор, изјави Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски: На 8 мај имајте ги предвид иднината на вашите деца и младите

„Оставете ги партиските поделби, оставете ги етничките поделби, размислувајте како родител, размислувајте како поединец, размислувајте како приватник, размислувајте како човек. “

„Дали би му дале верба на некого кој вели дека сите договори кои ни донесоа мир и не вратија во заедницата на цивилизирани нации и држави, треба да ги смениме, да им направиме ревизија и да донесеме нешто што никој жив не знае што може да биде и со какви ефекти ќе биде“, им порача на тетовчани вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во оваа насока тој посочи дека наместо државата да се враќа во мрачното минато, во периодот од 2006-та до 2017-та година, треба да се фокусираме на економијата, бидејќи од тоа зависи дали децата ќе ни останат покрај нас или ќе бараат подобра иднина надвор од татковината.

„Невозможно е најголемиот дел од македонските граѓани да не ја препознае рационалноста на ова што го зборувам. Ме прашувате за било кој договор, јас имам одговор - тој договор е добар, овој договор е добар, ова е добро, ова е лошо. Тие немаат одговор. Три пати ги прашуваш, вели ќе направам тим од експерти, па со помош на странски експерти, па Совет на Европа, Венецијанска Комисија и по некое време, после неколку месеци...Кога бирате претседател, премиер, министер – тој мора од првиот ден да делува и да носи одлуки, а не допрва да собира експерти. Ти ако не знаеш сега што треба да направиш во однос на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, Европската преговарачка рамка, ако допрва бараш помош од стручни експерти од странство и од дома, немој да се пријавуваш за претседател“, додаде Пендаровски.

Повикувајќи ги граѓаните на Тетово на 8 мај да го заокружат бројот 1, Пендаровски потенцираше дека на денот на гласањето треба да ги имаат предвид интересите на нивните деца и внуци, нивните лични и интересите на семејството,соопштуваат од неговиот тим.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

притисни ентер