Никола Димитров за „Ле Монд":Македонија сe движи „дефинитивно и неповратно кон иднината"

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во трибина објавена во париски „Ле Монд" објаснува зошто нашата земја се согласи да го промени своето име.

Сега, тој ја повикува ЕУ да преговара за пристапувањето на оваа „мала мирна држава на Балканот", јави дописникот на МИА.

– Решивме да не бидеме робови на историјата. Во согласност со Грција, мојата држава се согласи да додаде географско појаснување на своето име и да се нарекува „Република Севеана Македонија", пишува Димитров.

Да бидеме совршено јасни, додава, ние никогаш не сме помислиле дека Република Македонија, мала, мирна балканска држава, која мирно и достојно излезе од пеколот на војната во поранешна Југославија, може да претставува закана за некој или дека нејзинито име подразбира територијални или други барања против нашите грчки пријатели.

– Меѓутоа, реалноста ни покажува дека Грција поинаку го толкува нашето име. Поминавме четврт-вековни дебати, обидувајќи се да ја убедиме другата страна, да се расправаме за терминот „Македонија”. Во меѓувреме, возовите минуваат. Од добар ученик на Балканот, Македонија остана на маргините на интегративните процеси, објаснува шефот на македонската дипломатија.

Според него, единствениот излез од овој маѓепсан круг, вели, е дефинитивно и неповратно да се свртиме кон иднината.

– Единствената битка што треба да се води е за сегашните и идните генерации. Нивното право да живеат во својата земја, со еднакви можности со оние на другите Европејци, без да мора да одат да бараат среќа на друго место. Ова е единствената мисла што ја имавме на ум кога решивме да влеземе во преговори со Грција за да го решиме нашиот спор, категоричен е Димитров.

Тој признава дека не било лесно, ниту за нас, ниту за нашите грчки пријатели. Опасноста на која се изложиле политички лидери, според Димитров, не е ништо, како што вели, во споредба со бездната на очајот во кој се наоѓа целата нација.

На прашањето дали имавме друг избор, тој одговара дека секогаш постои друг избор.

– Можеме да пропуштиме еден или повеќе изборни циклуси и да го пропуштиме возот, па дури и последниот воз, за ​​Европа и продолжиме да се жалиме и да ги обвинуваме нашите соседи за нашата лоша судбина, да ја обвиниме Европа за недостатокот на принципи, да обвинуваме за незаинтересираноста на светот. Ние би можеле без ризик да останеме на врвот на дрвото и да се храниме горки плодови од страв и недоверба, би можеле да бидеме задоволни со традиционалниот квази-патриотизам, вели Димитров.

Понатаму тој истакнува дека ние сме решени да бидеме патриоти на современ, европски и визионерски начин.

– Да ја задржиме нашата душа, толку тесно поврзана со нашето право да се дефинираме себеси како Македонци, право потврдено со овој договор. Нашата душа е дефинирана и од нашиот јазик, македонскиот, јужнословенски јазик. Да не ги жртвуваме овие работи на олтарот на историјата, вели министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Според Димитров, договорот со Грција иако бара многу, сепак со него можеме да живееме со достоинство.

– Со овој договор, ги чуваме и ги потврдуваме вредностите кои се свети за секоја нација: нашиот идентитет и се што е поврзано со тоа. Во исто време, правиме разлика меѓу нашата перцепција и грчката перцепција за Македонија, во надеж дека и двете ќе продолжат да живеат во препознавање, разбирање и хармонија, појаснува тој.

Последно, но не и најмалку важно, според Димитров, е тоа што со него го отвораме патот за целосна интеграција на земјата во Европската унија (ЕУ) и во НАТО.

– Еве конечно, добри вести кои доаѓаат од Балканот. Во време кога бранот на популизам и евроскептицизам станува сè пошироко распространет низ целиот свет, оваа надеж не смее да се изгуби во поплавите на лошите вести што го погодуваат целиот свет, предупредува Димитров.

Тој притоа својата трибина во париски „Монд" ја завршува со заклучокот дека ЕУ е таа која сега е на потег да ја покаже истата храброст.

– Сега чекаме Европа да признае дека некој на Балканот покажува лидерство и храброст, со нетрпение и желба да учествува со другите земји-членки во градењето на Европа. Сега е на Европа да ја покажеме истата храброст. Таа мора да ни подаде рака и да и даде шанса на мојата земја со носење на одлука за отворање на преговорите. Ништо повеќе, ништо помалку. Ние тоа го заслуживме, истакнува министерот Никола Димитров. /МИА.

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

Утре нов обид да се намалат ценита на осигурителните полиси

Утре во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.

Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на финасии да останат старите цени пред 25 Април осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени. По утрешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените. Владата ќе ја донесе конечната одлука на седница кои цени ќе останат. Според извори од Агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 објаснуваат зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат.

Според добиените податоци, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била 65милиони евра. Во однос на претходниот тренд бил дека осигуртелните компании исплаќале и до 50% од собраните средства. Вкупно за 2023 година се исплатени над една милијарда денари провизии за продажба на автомобилско осигурување. Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари. Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

Оправдувањето на осигурителните компании одлуката за зголемување на цената на осигурителната полиса за 15,4 ‘ ја оправудваат дека повеќе од десет година цената не е промената, а трошоците им се зголемиле.

притисни ентер