Никој не знае кој цели 45 години го емитува овој радио сигнал?

Во руските мочуришта недалеку од Санкт Петербург се наоѓа еден необичен радио антена МДЗхб познат и по имињата УЗБ – 76 УВБ -76 или едноставно „Зујало“.

Радио антената започнала да емитува сигнали пред повеќе од 45 години во далечните рани седумдесетти години на минатиот век. Но, засега никој не знае за што случи овој емитуван радио сигнал.

Сигналот може да го слушне секој кој на своето радио ќе ја намести френквенцијата 4625КХЗ. има радио. Но, сигурно нема да биде воодушевен од она што ќе го слушне, поради тоа што на радиото константно се повторува едно исто зуење, ист ритам во текот на целиот ден.

Зуењето се слуша дури 25 пати во минута, и не е прекинато ниту еднаш откако оваа мистериозна радио станица започнала да емитува сигнал.
Еднаш или два пати неделно на каналот некој ќе каже два или три збора на руски и потоа зуењето ќе продолжи.

Научниците се уште немаат објаснување за ова. Досега се пласирани неколку тероии зошто радиото емитува вакви сигнали. Прво се мислело дека радио станицата им емитува разузнавачки сигнали на руските шпиони низ светот. Ако УЗБ-76 навистина служи за комуникација на шпионите , никој се уште не ја пробил енкрипцијата.

Втората теорија е дека УЗБ – 76 претставува „запалка“ за рускиот нуклеарен арсенал. Теоријата вели дека автоматизиран систем ја следи фреквенцијата и дека на тој начин може да се лансираат сите руски нуклеарни бомби на претходно определени цели, без човечка наредба.
Но, најуверлива е теоријата која вели дека УЗБ-76 е хибрид на се од наведеното. Константното повторување на ист тон означува дека фреквенција е заземена , а доколку има потреба таа многу лесно може да стане комуникациски канал за издавање на наредби и упатства на руските шпиони низ светот, но и на руската армија на домашна територија.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер