НФФ бара „вранецот" да се откупува за 17, а „смедеревката" за 16 денари по килограм

 Националната федерација на фармери (НФФ) бара цената за винската сорта грозје „вранец" да биде 17, за „смедеревка" 16 ден по килограм.

Тие бараат функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој и гаранција на наплата (банкарска гаранција од откупувачите), како и исплата на откупено грозје најдоцна до 31 декември 2019 за откупот од тековната година.

-Бараме и бришење на член 17, став 5 од Законот за вино кој укажува на можноста од намалување од утврдената цена најмногу до осум отсто доколку плаќањето на винското грозје е во целост во рок од седум дена од денот на приемот, како и во делот на прекршочните одредби, односно на намлаување на глобите со што се потенцира можноста од намерна злоупотреба на работата на одговорните лица, велат од Националната федерација на фармери.

Од НФФ посочуваат дека нивните барања се дефинирани преку разговор со лозаропроизводителите и секторски пристап кон решавање на земјоделските проблеми и додаваат дека веќе се презентирани пред винариите и пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-На вчерашните состаноци со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, винарските визби и лозарите во Кавадарци сите овие барања беа изнесени од страна на НФФ. По опсежната дискусија и барањата за повисока цена за откуп на овие сорти грозје, винарските визби излегоа со став дека во текот на наредната недела ќе информираат за овие наши барања. НФФ внимателно ја следи состојбата и ќе реагира при секој обид да се намали трудот на лозарите и да се доведат во ситуација која води на работ на егзистенцијата и уништување на долгогодишниот труд, посочуваат од НФФ.

Нагласуваат дека преку својот секторски систем за лобирање во јуни и јули годинава ја разгледувале состоjбата со производството на грозје и по направените анализи заклучиле дека производната цена за винската сорта „вранец" е 17, а за винската сорта „смедеревка" 16 денари по килограм.

-Со непроменетите и ниски откупни цени во текот на изминатата деценија, земјоделците работат во загуба и дополнително од некои откупувачи не им се исплаќа навремено за предадениот род, порачуваат од НФФ.

Според официјалните статистички податоци, 48.000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од производство на грозје, 23.613 хектари од обработливата површина се лозови насади, од кои најголем дел се во кавадаречкиот и неготинскиот регион./МИА

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

Има ли проблем со градски автобуси - граѓаните се жалат, ЈСП вели редовно сообраќаат

Нередовни автобуски линии, а некои од приградските и воопшто ги немало во изминатите денови, алармираат дел од граѓаните, кои загриженоста за проблемот ја споделија преку меил и до редакцијата на Канал 5.

Жител на скопски Раштак –наведува дека единствен превоз до центарот на Скопје во изминатите два дена им е автомобилот, бидејќи автобусот кој треба да ја опслужува линијата воопшто не се појавил.

-Веќе два дена, автобусот 65 од Скопје со с. Раштак преку с. Булачани не сообраќа. Сопругата вчера чекаше автобус после 12 часот во транспортен центар и мораше да се откаже и да дојдам јас да ја земам со автомобил, бидејќи двата автобуси кои сообраќаат во работен ден до с. Раштак не возеа, наводно зошто немаа гориво. Истото се случи и денес наутро. – Стои во пораката на Свето Тасев – Жител на С. Раштак до Канал 5.

Дека има недостаток на автобуси се пожалија и граѓаните кои ги затекнавме на постојките каде премрежуваат градските и приградските линии. Некои иако поседувале месечен билет, велат приморани се да се возат со такси, други пак автобус чекале дури 2 часа...

-Слободна имам, 1400 денари ја вадам, сега ако не помине 20ка, јас си одам со такси, и за што сум работела? За ништо. Повеќе даваме за такси и плус за автобус што плаќаме. Нема, ниту други автобуси нема, точно е дека нема.

- Некогаш можеме да чекаме и по 40 минути.

-27ца, 2 часа во Ново Лисиче – ја чекавте? Да, па се качив во 7ца, овде дојдов, па се прекачив таму.

Во меѓувреме, во јавноста се погласни се шпекулациите дека проблемот лежи во наводен голем долг на ЈСП за нафта кон добавувачот, поради што, било редуцирано снабдувањето со гориво, а автобусите неретко порано се повлекувале во депоата. Сомнежи дека нешто се случува има и кај граѓаните...

Гужва е, што значи дека не се толку редовни. Или е рестрикција или нешто има, тоа знаат само надлежните./ Зависи која релација, но не се редовни, кој знае кој жавол е тука што лежи во позадината.

Во однос на наводите, побаравме одговори од Град Скопје кои не упатија за детални информации до ЈСП. Директорот на претпријатието Крсте Петревски пак ги отфрла шпекулациите дека има недостаток на нафта, а линиите уверува дека се редовни со доволно автобуси. – за долгот за нафта, посочи да побараме одговор од понеделник.

-Информациите кои сте ги добиле за недостаток на нафта не се точни, јавното сообраќајно претпријатие троши големи количини на гориво бидејќи секојдневно 300 автобуси излегуваат од базата и тоа е постапка која тековно тече. Ете уште една шпекулација, вчера ЈСП редовно прими нафта, преку 80тина тони, значи испораките на нафта течат вообичаено, ЈСП ги сервисира своите обврски редовно,-- Крсте Петревски – Директор на ЈСП.

Претрпијатието веќе со години работи како загубар, а пред неколку месеци имаше и штрајк на вработените поради неисплатените плати, проблем кој се реши со 11те милиони евра субвенција која ја изгласа советот. Од ЈСП дополнуваат дека веќе три години Владата не ги плаќа своите обврски за бесплатниот превоз на пензионери, ученици и останати граѓани...

ЗНАМ: Најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите.

Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднашна реакција и акција.

Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти

-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти

-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата

-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти

-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.

-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија. Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование.

ЗНАМ - Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 2

притисни ентер