Нетфликс за автомобили: Ново возило секој ден

Здодеано ви е секојдневно да возите ист автомобил? Нисан има решение за вас.

Јапонската компанија Нисан подготвила служба на која можете да се претплатите и секој ден да си избирате различен автомобил.

Станува збор за сервис под називот „Нисан Свич“, служба која ќе им помогне на луѓето малку да го зачинат својот живот и да ги изменат секојдневните рутини така што ќе можат секој ден да избираат нов автомобил за возење а апликацијата ќе ги учи нивните навики и ќе се прилагодува на секој корисник.

Нисан тоа го опишува како Нетфликс за автомобили, само наместо нови филмови и серии избирате нови автомобили.

Слични сервиси веќе имаат Ауди и Мерцедес, но сервисот на Нисан е нешто нови и интересно. Неговата цена ќе биде 700 долари месечно за автомобили како Нисан „Altima“, „Rogue“, „Pathfinder“ или „Forntier“ моделите.

За цена од 900 долари ќе можете да избирате меѓу моделите „Leaf Plus“, „Maxima“, „Murano“, „Armada“, „Titan„ или „370Z“.

Пахор: Се подготвувам многу за функцијата специјален пратеник за дијалог Белград - Приштина

 Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина.

-Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

притисни ентер