Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити

Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити откако американски патнички авион беше погоден од огнено оружје при слетувањето.

Авион на „Спирит ерлајнс“ (Spirit Airlinesa) на летот 951 од Форт Лодердејл, Флорида, по пукањето беше пренасочен во соседна Доминиканска Република, каде безбедно слетал на Аеродромот Сантијаго. Во инцидентот само еден член на екипажот е полесно повреден.

Во изминатите три недели тоа беше втор напад врз авион што слетал во Порт-о-Пренс.

Додека во октомври минатата година членови на банда пукаа врз хеликоптер на Обединети нации, поради што и тогаш неколку компании привремено ги укинаа линиите.

Двете најбарани жени на листата на Интерпол: Едната од Словачка, другата од Украина

Ева Замечинкова од Словачка зазема високо место на листата на најбарани лица на меѓународната полициска организација Интерпол.

Исто така, на листата е уште една жена - Тања Гомез од Украина, која е поврзана со тешки кривични дела поврзани со дрога и перење пари, објави Сан.

Потрагата по овие две жени трае веќе подолго време.

Незабележливата убавица Ева се бара бидејќи го нарачала убиството на сопствениот сопруг, но најмениот убиец пријавил сѐ во полиција пред да ја изврши нарачаната работа.

Инаку, Ева и нејзиниот сопруг Лудовит биле во навидум идилична врска. Водела цвеќарница, а сопругот работел во војска. Набргу по почетокот на врската, тие се преселиле во градот Тренчин. Меѓутоа, кога сопругот официјално бил испратен во Жилина, врската почнала да „пука“.

На почетокот се чинело дека парот ќе ги испегла разликите, но сето тоа завршило со бурен развод. Имало и трансфери, обвинувања дека се изневеруваат... Ева се посомневала на сопругот дека за време на неговото отсуство во Жилина го придружувал група жени. Лудовит, пак, се посомневал во неверството на жената.

Конфликтот ескалирал во моментот кога се одлучувало за заедничката куќа во Тренчина. Двојката се договорила Ева да ја задржи, но дека таа ќе мора да го исплати Лудовит.

Меѓутоа, работата станала уште покомплицирана и Ева решила да најде најмен убиец за да го „доврши“ нејзиниот сопруг. Му ветила пари и оружје, го советувала и како на најдобар начин да се „ослободи“ од сопругот.

Според полицискиот извештај, кој бил составен откако платеникот се огласил и дал исказ, се наведува дека Ева го советувала да најде соучесник од кого ќе се ослободи по убиството.

Иако платеникот ветил дека ќе го убие сопругот на Ева, тој веднаш пред егзекуцијата му кажал сѐ на познаник на полицаец и веднаш била отворена истрага.

По опсежната истрага, Ева била осудена на осум години затвор, но од 2020 година никој не знае каде се крие од правдата.

Тања Гомез се бара од март 2021 година. Таа е поврзана со организираниот криминал во Стокхолм и нејзината улога била да доставува и транспортира големи количества наркотици и пари.

Била вклучена и во зделки со бездомни животни и веројатно била вклучена во мрежа на нередовно поседување животни и нивно транспортирање во странство.

Млада Италијанка отишла на операција на нос, по три дена починала – докторот го нашла на ТикТок

Маргарета Спада од Сицилија починала по фатална операција на носот во Рим од страна на лекар што таа го избрала преку социјалната мрежа ТикТок.

Младата девојка видела оглас за доктор на социјалната мрежа TikTok и решила да му го довери своето тело, објави Дејли Меил.

За жал, по операцијата, која била закажана за 4 ноември, доживеала компликации и починала по тридневна агонија.

Се сомнева дека 22-годишната девојка се здобила со компликации на почетокот на интервенцијата, додека примала анестезија, но точната причина се уште не е утврдена.

Инспекторите го истражуваат случајот, а против хирургот е отворен случај за убиство од небрежност.

Маргарета пронашла оглас на приватен хирург кој работи во Рим во рекламната содржина на нејзиниот TikTok. Таа заедно со своето момче отпатувале во главниот град на Италија за да направат естетски третман.

Сѐ било во ред додека не влегла во операционата сала.

Таму работите се искомплицирале, поради што била префрлена на интензивна нега, каде набрзо починала на 7 ноември 2024 година.

Семејството на Маргарета вели дека девојката била здрава и немала медицинска историја што би ја објаснило нејзината прерана смрт во овој случај.

Она што во моментов се сомнева е дека била алергична на некоја компонента од анестезијата.

Инаку, Маргарета е ќерка на Џузепе Спада, поранешен општински советник и менаџер на мал фудбалски тим во околината.

„Претседателе, заедно со целиот градски совет, ја споделуваме вашата болка за прераната загуба на вашата ќерка Агата Маргарета“, објави Комуна ди Летини.

Полска гради „источен штит“ кон Белорусија: Со Русија се нашата најголема закана (ВИДЕО)

По должина на границите со Русија и Белорусија, Полска почна да го гради „Источниот штит“ вреден 2,29 милијарди евра, за да го заштити источното крило на НАТО, бидејќи се зголемуваат стравувањата од ескалација на конфликтот во Украина.

Изградбата на штитот, долг повеќе од 640 километри, ќе опфати противтенковски утврдувања, бункери и други пречки изградени за физичка одбрана на границата и за контрола на движењето.

Поддршката на САД за одбраната на Европа се очекува да ослаби откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД во јануари следната година. Да потсетиме, тој во неколку наврати изјави дека планира да стави крај на руската инвазија на Украина на првиот ден од неговиот мандат, а најави и намалување на помошта за Киев, пренесува Дејли Мејл.

Воздушната одбрана и модерните технологии за надгледување напојувани со вештачка интелигенција, исто така, ќе ја заштитат Полска од заканите на модерното војување.

Штитот треба да вклучува и сателитска компонента за да обезбеди „уште еден елемент на безбедноста“, рече полскиот премиер Доналд Туск.

Тој додаде дека утврдувањата биле дизајнирани да ја одбранат земјата од потенцијалните непријатели, а растечка закана за Западот се смета милитаризираната руска енклава Калининград.

Тоа е веројатно најголемата инвестиција во националната безбедност во повоената историја на Полска. Планирана е повеќеслојна одбранбена линија длабока околу 200 метри, а ќе се состои од огради, ровови и мински полиња.

Високата гранична ограда со бодликава жица и противтенковски ровови ќе биде првата пречка за секој потенцијален напаѓач, а на патот ќе бидат поставени и други пречки како што се „змејски заби“, бетонски шилести блокови што се користат за запирање на оклопни возила.

Ако одбраната не успее, бункери и подземни засолништа ќе бидат скриени во шумите.

Туск летово најави и дека има зголемен миграциски притисок на источната граница, како и дека Москва и Минск можеби ќе се договорат за пренасочување на барателите на азил на запад.

„Границата не може да се помине неказнето. Русија и Белорусија стојат зад ова, а целиот свет ја нарекува хибридна војна. Ние нема да се откажеме. Ова го правиме за да го одвратиме непријателот, па сите оние кои сакаат штета на Полска. Сите оние кои планираат напад, агресија врз нашите сојузници или врз нашата земја, слушаат денес овде, од главниот плоштад во Краков: држете се настрана од Полска“, рече Туск во јули.

притисни ентер