Неготино доби современо фудбалско игралиште

Реализиран уште еден инфраструктурен проект на министерството за спорт.

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, денеска го пушти во употреба реконструираното фудбалско игралиште, уште еден во рекордно време реализиран проект на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура.

Реконструираното фудбалско игралиште во Неготино направено е по сите стандарди на ФИФА и ќе биде достапно за граѓаните во секој период од годината.

-Над 15 вакви игралишта планираме да бидат готови до крајот на летото. Еден убав проект, една убава работа што почнавме да ја правиме, а тоа е да создадеме услови за најмладите што е особено важно. Ние не можеме да бараме резултати, ниту пак зголемување на интересот на децата за спортот, во конкретниов случај за фудбалот, доколку не им создадеме услови. Ова е една наша акција што ќе продолжи и во иднина, ќе реконструираме што е можно повеќе спортски игралишта низ целата држава. Цениме дека тоа е патот по кој треба да се развива спортот затоа што ова има значење за сите граѓани, прво на локално, а потоа и на централно ниво. Затоа што прво ние треба да направиме масовност кај дечињата, да создадеме услови за што повеќе дечиња да се занимаваат со спорт, а потоа од таа масовност и квантитет да добиеме и квалитет – истакна Ристовски.

Министерот Ристовски изрази задоволство од брзата реализација на уште еден инфраструктурен проект на Министерството за спорт упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов за добрата соработка

-Му честитам и му благодарам на градоначалникот на општина Неготино за добрата соработка за брзо отпочнување на реконструкцијата на ова фудбалско игралиште и посакувам што повеќе млади спористи да го користат овој терен – рече Ристовски.

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

Струшката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно насилство во два одделни случаи, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.

Еден час претходно приведен бил и Б.Ш.(49), по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.

- По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Охрид и Македонија на Меѓународниот саем за туристичка патувања во Холандија

 Туристичката понуда на Охрид и Македонија ќе бидат презентирани на познатиот 54. Меѓународен саем за патувања што од денеска наредните три дена се одржува во холандскиот град Утрехт.

Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот посочуваат дека холандскиот пазар е мошне значаен за развојот на туризмот во земјава.

„Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам индиректно придонесува за континуиран раст на бројот на холандски туристи во Република Македонија. Лојалноста во туризмот која најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од земјава, освен најголемите туристички центри“, информираат од Агенцијата.

Саемот во Утрехт е најголема туристичка саемска манифестација во тој дел на Европа со учество на над илјада излагачи од стотици земји и дестинации. Претставува одлична можност за компаниите од областа на туризмот да ги презентираат своите понуди, а учесниците да се поврзуваат со потенцијални клиенти и деловни партнери.

Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини

Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години дозволија да краде.

И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и бегалец Артан Груби, сите освен СДС.

СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа.

Нема амнестија за СДС во случајот Груби. СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се случувало.

СДС доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини зошто го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле.

Всушност заради вакви како Груби и многу други од нивните редови СДС и ДУИ ги протуркаа законските измени во Кривичниот законик. Спасувајќи голем број криминалци, но очигледно за среќа на државата и сите нас не можеле да ги спасат сите.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер