Не се појавил сопственикот на автомобилот, па работниците му направиле „бетонска рамка“ (ВИДЕО)

Изминативе денови беше весело во полскиот град Лоѓ.

Откако се откажале од чекање за сопственикот, работниците за реновирање на улица го опколиле непрописно паркираното возило со бетон и заминале дома.

Необичната глетка станала атракција, а возилото мистериозно исчезнало ноќта меѓу саботата и неделата.

Набрзо автомобилот бил пронајден на блискиот паркинг, а тамошните новинари успеале да пронајдат лице кое се претставило како син на сопственикот на Toyota Scion.

Тој тврди дека семејството немало поим што се случува додека не дознале од медиумите.

Дополнително, тој објаснил дека возилото таму го оставил пријател на неговата сестра кој го позајмил.

Еден од локалните портали јавува дека работниците неуспешно се обиделе да го најдат сопственикот и на крајот го известиле дежурниот градски управител.

Но, тој не можел да им помогне, бидејќи просторот формално бил предаден на изведувачот. Бидејќи бетонските цистерни веќе пристигнале на улицата, одлучено е возилото да се огради и да се продолжи со работа.

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер