НБА се враќа во Кина во 2025 година

НБА се враќа во Кина во 2025 година за прв пат од 2019 година, со два претсезонски натпревари, објави ЕСПН во четвртокот.

Феникс Санс и Бруклин Нетс треба да одиграат два натпревари во Макао во октомври 2025 година.

ЕСПН, повикувајќи се на анонимни извори, објаснува дека односите меѓу северноамериканската кошаркарска лига и Кина, важен пазар со многу фанови, полека се обновуваат благодарение на доаѓањето на Мајкл Ма, кој е на чело на Кина во НБА.

Комесарот Адам Силвер на конференција во октомври рече дека верува оти НБА „ќе се врати во Кина во одреден момент“.

Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа

Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.

Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.

На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.

Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45.000 Палестинци, од кои 17.492 деца и 11.979 жени. Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства.

Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции

 Руски фирми се повеќе користат биткоин и други дигитални валути за меѓународни плаќања како одговор на западните санкции, јавија западни медиуми.

Кинеските банки, некогаш клучни посредници во руската трговија, значително ги намалија трансакциите поради страв од губење на пристапот до американските финансиски пазари. До средината на 2024 година, околу 80% од руските плаќања во кинески јуани наводно биле одбиени или вратени. Овој пресврт следи по законските измени во Русија кои овозможуваат употреба на криптовалути во надворешната трговија за да се ублажи влијанието на санкциите.

Москва ги прифати криптовалутите, вклучувајќи го и легализирањето на рударење Биткоин.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов за време на интервјуто за каналот „Русија-24“ потврди дека домашно рударениот Биткоин сега се користи во надворешната трговија во експериментална рамка.

„Вакви трансакции веќе се случуваат“, рече Силуанов, нагласувајќи дека дигиталните валути можат да станат клучна алатка во меѓународните плаќања.

Санкциите значително го ограничија пристапот на Русија до традиционалните финансиски пазари. И САД и ЕУ го забранија извозот на долари и евра во Русија во март 2022 година, намалувајќи ја нивната употреба во трговијата.

Кинескиот јуан првично ја пополни таа празнина, станувајќи најтргувана странска валута во Русија. Сепак, проширените американски санкции насочени кон финансиските институции кои работат со Русија дополнително ги ограничија опциите за плаќање.

За уставните измени е потребна политичка волја

Претседателот на собранието Африм Гаши утринава на брифинг со новинарите рече дека кога ќе почне процедурата за отповикување на членовите на Судскиот совет завиоси од собраниската комисија за избори и именувања.

За уставните тој кажа дека е потребна е политичка волја.

притисни ентер