НБА: Сан Антонио го врати ударот

По брејкот на шампионот Мајами во Тексас , Сан Атонио утринава со рибрерјк на гостински терен на топлата Флорида стигна до водство во финалето на НБА од 2-1.

Спарси утринава имаа неверојатно шутерско шоу , Мајами беше немоќен пред расположените шутери на Сан Антонио. Гостите од Тексас го добија третиот меч од финалната серија со 111-92.

Сан Антонио во првото полувреме имаше неверојатен процент на шутот од 75,8 % со што постави нов рекорд во НБА финалињата.

Посебно импресивен утринава беше Каваи Ленард , со личен рекорд од 29 поени , 4 скока и 2 украдени топки. Ленадр на првите две средби постигна вкупно 18 поени.

Двоцифрен број на поен во победничкиот тим на Сан Антонио имаа и Дени Грин и Тони Паркер по 15, Тим данкан реализираше 14 кока и 6 скока , а искуниот Ману Џинобили мечот го заврши со 11 поени.

Кај Мајами Леброн џејмс кој беше одлично чуван од Ленард постигна 22 коша, додавајќи уште 7 асистенции и 5 скока. Идентичен број на поени постигна и Двејн Вејд.

Финалната серија продолжува во петок наутро со уште еден меч во Мајами.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер